Долни Балван — село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Карбинци, а низ него поминува патот Штип-Кочани, од десната страна на реката Брегалница. Селото е рамничарско, на надморска височина од 290 метри. Од градот Штип е оддалечено 9 километри.
Историја
Во век, Долни Балван било село во Штипската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 7,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 671,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на шумите само 0,5 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има услужни објекти и земјоделска задруга.
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 135 жители, од кои 100 Македонци и 35 Роми.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.
Селото е средно по големина, без поголеми промени во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 351 жител, а во 1994 година 331 жител, од кои 328 биле Македонци, а двајца жители Срби.
Според пописот од 2002 година, во селото Долни Балван живееле 358 жители, од кои 351 Македонец и 7 Срби.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 310 жители, од кои 291 Македонец и 19 лица без податоци.
Општествени установи
мини|300п|десно|Подрачното основно училиште
Основно училиште „Страшо Пинџур“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци ЖС „Долни Балван“, постојка на железничката линија Велес-Кочани Амбуланта Месна заедница
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Долни Балван, се наоѓале и селата Горни Балван, Горно Трогерци, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото било седиште на некогашната Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2317 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Батање, Долни Балван и Долно Трогерци.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 283 гласачи.
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 295 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Археолошки наоѓалишта Врчва — населба од доцноантичкото време; Стопански Штали — населба од доцноантичкото време; и Тугли — населба од бронзеното и римското време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква
Култура и спорт
Во селото работи фудбалскиот клуб „1 Мај Балван“.
Галерија
Наводи
Поврзано Општина Карбинци Штип
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Штипски села Категорија:Села во Општина Карбинци