Св. Климент — археолошко наоѓалиште во струшкото село Мислешево. Претставува црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 1 км североисточно од селското училиште и во непосредна близина на наоѓалиштето Пречиста. На местото е откриена средновековна црква со димензии 10 × 4,5 м, која е делумно зачувана во темелите, додека апсидниот дел е зачуван во висина од 1,5 м. Околу црквата се среќаваат камени плочи од гробни конструкции.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Мислешево; Пречиста — црква и некропола од средниот век.
Наводи
Категорија:Мислешево