Сред Село — археолошко наоѓалиште во струшкото село Мислодежда. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 30-40 м југозападно од џамијата во селото, на местото каде што е подигнат Задружниот дом. При израмнување на теренот биле откриени повеќе гробови со гробни прилози. Според кажувањето на мештаните, во гробовите имало прстени и други украсни предмети, кои не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Мислодежда; Долна Црква — некропола од доцен среден век; Црква — црква и некропола од средниот век.

Наводи