Прилеп — град во југозападниот дел на Република Македонија, сместен во северниот дел на областа Пелагонија и седиште на истоимената општина. До него се стигнува преку автопатот А3. Има 63.308 жители (2021 г.) и се наоѓа на 128 километри југозападно од главниот град Скопје.
Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите што ги изградил легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).
Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.
Прилеп е вториот по големина град во Пелагонискиот Регион, по Битола.
Потекло на името 250п|мини|лево|Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна
До почетокот на XI век за Прилеп нема податоци од пишани извори. Првиот запис за градот бил забележан два пати во Кратката историја () на Јован Скилица, и тоа во последните денови од животот на цар Самоил, октомври 1014 г. и непосредно пред неговата смрт, како тврдина Πρίλαπον. Името е споменувано и во византиските пишани извори од XI век, во записот на византискиот цар Василиј II за правата на Охридската архиепископија. Прилеп е споменуван и во словенските извори од XIV век: ... ... Иако првиот запис е од 1014, со сигурност може да се каже дека името на градот постоело и претходно.
Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Хрватскиот лингвист Петар Скок ја споменува лексемата lijep, која имала две значења: 1. Тоа што се примило (прилепило) за нешто; 2. Блато, најчесто кал помешана со плева што се лепи. Во овој контекст Скок го споменува и градот Прилеп, т.е. прасл. глагол којшто потекнува од индоевропскиот корен со значење 'се придржува'. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се произведувал леб).
Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато. Меѓутоа, ова толкување има свои пропусти. Првобитната словенска населба се наоѓала на доста високо место, под тврдината Маркови Кули, на надморска височина од околу 700 м. Во такви услови мали се шансите за постоење блато на толку високо место. Во случај да постоело блато, треба да го земеме предвид фактот дека Пелагонија не била единствено место каде што некогаш постоела вода. Во тој случај најверојатно би се очекувало и останати места коишто се наоѓале покрај блато, во своето име да ја содржат лексемата леп. Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.
Историја
Праисторија и антички период 250п|мини|лево|Според Појтингеровата табла патот од Стоби за Хераклеја поминувал преку Евристон и Керамија (заокружена на картата) Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкото наоѓалиште Стибера, кај селото Чепигово. Во близина на градот, на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба.
Во раната антика тука израснала населбата Керамија (Ceramie), обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија.Иван Микулчиќ, „Средновековни градови и тврдини во Македонија“, Скопје, 1996, стр. 249-250.
Средновековна историја Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самоил починал од срцев удар. По смртта на Самоил градот потпаднал под византиска власт. Во 1041 година византискиот цар Михаил IV Пафлагонецот го задушил востанието на Петар Делјан, а локалниот војвода Мануил Ивац се обидел да ја запре византиската војска кај прилепскиот Плетвар со дрвена палисада, но без успех. Добромир Хрс и неговиот дедо, Мануил Камица, го зазеле Прилеп, но во 1202 Алексиј III повторно ја освоил тврдината.A. Kazhdan, ‘Prilapos’, The Oxford Dictionary of Byzantium vol. III, 1718
250п|мини|лево|Фрески од црквата „Св. Никола“ Низ XIII век Прилеп преминува постојано во рацете на новите господари — двапати на деспотите од Епир, двапати на Бугарија, еднаш на царот од Никеја. Најпрво, бугарскиот цар Калојан ја искористил искористил ситуацијата што настанала во Византија со доаѓањето на крстоносците пред Цариград и во 1203 година ja освоил Северна и голем дел од Западна Македонија, меѓу кои и градот Прилеп. По смртта на Калојан во 1207, како негов господар се јавува властелинот Стрез, кој владеел до неговата смрт во 1214 година. Потоа, Прилеп како и некои други градови во Западна Македонија биле освоени од деспотот на Епир, Теодор Комнен (1214-1224). По Битката кај Клокотница во 1230 година, помеѓу бугарската и епирската војска, Прилеп потпаѓа под власта на бугарскиот цар Иван Асен II. По смртта на Иван Асен, на бугарскиот престол доаѓа неговиот малолетен син, Калиман I Асен, па Прилеп повторно бил завземен од епирскиот деспот Михаил Ангел II, сe до 1254 година, кога градот преминал под никејска власт т.е. под возобновената Византиска империја.
250п|мини|лево|Средновековен Прилеп, седиште на државата на Крали Марко Се смета дека Прилеп потпаднал под српска власт после српско-византиската војна во 1296-1297 година, што може да се заклучи по тоа што кралот Стефан Милутин го помагал манастирот Трескавец. Кога Прилеп повторно потпаднал под византиска власт не е точно познато. Според Стојан Новаковиќ, тоа се случило во 1298 кога Стефан Милутин се помирил со Византијците и се оженил со византиската принцеза Симонида. Во 1334 година Прилеп заедно со цела Македонија стануваат дел од Српското Кралство, на чело со Стефан Душан. Значајни извори во тој поглед претставуваат трите Душанови повелби - грамоти дадени на манастирот Трескавец. Од нив се дознава дека Прилеп во тоа време бил големо и важно градско средиште и дека цар Душан тука имал свој дворец.
Во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин, кој го создал Прилепското Кралство, со седиште во Прилеп. По неговата смрт во Маричката битка (1371), го наследил неговиот син, Крале Марко, (во народните преданија и приказни, познат по своите натприродни сили и моќи), кој и по доаѓањето на Турците сè до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југозападна Македонија.
Османлиски период мини|десно|Улица во Прилеп кон крајот на XIX и почетокот на XX век
По погубувањето на Крали Марко во Битката кај Ровине, Романија во 1395 година, Турците го презеле градот. Оттогаш се удомиле и со свои закони и укази управувале не само со населението од Прилеп и Прилепско, туку и со цела Македонија. Ваквиот однос на турската власт кон месното население од Прилепско (кон кое ни малку не била наклонета), може да се види и од еден документ издаден во декември 1565 година. Во овој документ се забележува пристрасноста на прилепскиот суд околу решавањето на спорот помеѓу селаните и некојси војвода од хасовите на везирот Мустафа-паша. Ваквиот став на судот предизвикал и бунт кај населението, со што ќе се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ против турската власт, кога незадоволните Мариовци, ќе направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп.
Со доаѓањето на Турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во првата половина на 16 век, Прилел имал 321 куќа, од кои 300 им припаѓале на христијаните, а останатите биле муслимански. Според описите на градот од страна на турскиот патописец Евлија Челебија, кој го посетил Прилеп во 1670 година, населбата била составена од девет маала со илјада куќи изградени со тврд материјал, додека градската чаршија била составена од 200 дуќани.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.62
мини|лево|Жени од Прилеп во почетокот на XX век Во XVIII и XIX век во градот се одржувал голем панаѓур, кој бил еден од најголемите во Румелија и траел 25 дена. На панаѓурот доаѓале трговци од целиот Балкански Полуостров, а најмногу се тргувало: жито, тутун, килими, стока и др. Во XIX век градот имал 2.800 куќи, 1.100 дуќани, 26 анови, 10 џамии и 5 медреси. Во истиот период, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Други преродбеници кои учителствувале во Прилеп се: Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Јосиф Ковачев и др. Во овој период градот бил поделен на христијански и турски дел. Постоеле 17 христијански маала и 10 турски. Реформите во војската и администрацијата што почнале да ги спроведуваат турските султани од почетокот на XIX век наишле на отпор, особено кај феудалците во Албанија и Босна. Во 1830 година пашата Мустафа Решид Бушатлија од Скадар навлегол во Македонија со цел да ја освои Битола. Меѓутоа, во неколку битки кај Прилеп и планината Бабуна, во април и мај 1831 година бил поразен и се повлекол во Скадар. Во средината на XIX век во Прилеп доаѓа до брз развој на занаетчиството и трговијата. Во овој период во Прилеп биле развиени: казанџискиот, ковачкиот, абаџискиот и ќурчискиот занает, а нешто подоцна почнал да се развива и терзискиот занает. Во овој период Прилеп има три пазарни дена: понеделник, четврток и сабота. Во централниот дел на градот се наоѓала црквата „Св. Благовештение“ или „Стара црква“, како што ја нарекувало населението. Подигната е во 1383 година, најверојатно со помош на еснафите, богатите трговци и граѓани на Прилеп. Нејзини мајстори-градители, ѕидари биле Коста Лауцо и Ристе Тасламиче. Името Коста Лауцо е поврзано и со изградбата на градскиот часовник, саат-кулата во 1858 година.Македонските градови во турско време, Зоран Сенев, Киро Герасимов, Кочани, 2004, стр.63-64
Според структурата на ВМОРО, Прилеп за време на илинденскиот период бил дел од Прилепската околија на Битолскиот револуционерен округ. Илинденското востание ќе има силен одглас во Прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. На Илинден востаниците во Прилепско ги исекле телеграфските кабли меѓу Прилеп и Велес како и меѓу Прилеп и Битола, а биле разрушени и некои дрвени мостови по патиштата кон Градско, Кичево, Крушево и Велес.
Голем број прилепчани активно се вклучиле во Младотурската револуција. Во септември 1910 година властите уапсиле над 70 граѓани за време на акцијата за разоружување на младотурците.
Балканските и светските војни
За време на Првата (1912-1913) и Втората балканска војна (1913) во Прилеп и неговата околина се воделе жестоки борби. Таква е Битката кај Прилеп помеѓу војските на Кралството Србија и Отоманското Царство, во која отоманската војска била поразена. Крајот на војните се означил со Букурешкиот договор, со кој Македонија била поделена, а Прилеп крајно разурнат и разорен, како дел од Вардарска Македонија ќе влезе во рамките на Кралството Србија.
Ширењето на идеите на октомвриската револуција во Русија, довело да се формира Социјалистичка работничка партија (комунисти) во Белград во 1919 година чијашто прва месна организација во Прилеп била формирана истата година, од приврзаници на социјалистичките идеи.
мини|десно|Поранешниот бугарски полициски „участок“, со чиј напад од страна на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ на 11 октомври 1941 година започнала Народноослободителната борба против фашистичкиот окупатор.