Лозово — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, на патот помеѓу Велес и Штип. Старото име на селото е Џумајлија. Претставува едно од најголемите штипски села, а воопшто и овчеполски. Селото е административно седиште на истоимената општина.
Географија и местоположба Селото Лозово се наоѓа во западниот дел на Овче Поле, оддалечено 15 километри североисточно од Велес и 19 километри југозападно од Свети Николе.
Историја Лозово е населено уште од неолитско време, за што сведочат остатоците од две населби од тоа време.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската Каза на Отоманското Царство.
Демографија Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 150 Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Турци.
Лозово е средно по големина село, коешто во 1961 година имало 570 жители, а во 1994 година 946 жители, од кои 889 биле Македонци, 5 Турци, 39 Власи, 6 Срби и седум други.
На пописот од 2002 година, селото имало 896 жители и спаѓа во групата на големи села. Следува табела на националната структура на населениетоПопис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
НационалностВкупноМакедонци889Албанци0Турци5Роми0Власи26Срби0Бошњаци0останати6
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно1948—————————521195330—57116———8—6251961520313——7—27—5701971695—10—...8—56—7661981871—4—3615—33—9591991874—5—4013—11—9431994889—5—396—7—9462002851—8—26——6—8962021672124—1810—130756 Во пописот од 1953 година, 91 % од вкупното население го сочинувале Турци, кои во средината на 50-тите години масовно се иселуваат во Турција и на нивното место се населуваат Македонци од Кривопаланечко и Кратовско. Освен Македонците во Лозово живее и мала заедница на влашко население.
Родови Според истражувањата од 1958 година, родови во селото
Српски
Доселеници: Симо (1 к.), Томо (1 к.) и Нестор (1 к.) доселени се во 1923 година како колонисти. Последниот е од Хрватска, а другите од Србија.
Македонски
Доселеници: Доселени се во периодот помеѓу 1954-1958 година. Од Кочанско (4 семејства). Рудник кај Велес (1 семејство). Лесново кај Пробиштип (2 семејства). од Кривопаланечко (70 семејства, од Станча, Дурачка Река, Дренак). и од Кратовско (10 семејства).
Албански
Доселеници: Доселени помеѓу 1954 и 1958 година. од околината на Гнилане (7 семејства). и од околината на Урошевац (4 семејства). Подоцна иселени.
Општествени установи мини|лево|Црквата „Св. Петка“ во Лозово Црква „Св. Петка“ - Лозово
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1706 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 645 гласачи.
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Ливади - Огради — населба од неолитско и римско време Старо Село - Ќоочун — населба од неолитско време
Спорт ФК Работник, има настапувано во Втората македонска фудбалска лига
Иселеништво Од 1954 до 1958 година од селото се иселиле 66 турски семејства во Турција. Турците заминале во Измир и во местото Дургут во непосредна близина на Измир.
Поврзано Овче Поле Општина Лозово Свети Николе
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Лозово на Карти на Гугл Општина Лозово
Категорија:Села во Македонија Категорија:Светиниколски села Категорија:Села во Општина Лозово