Русиново — село во Општина Берово, во областа Малешевија, во околината на градот Берово.

Во атарот на селото влегува и туристичката населба Суви Лаки, каде на одвоен пописен круг биле забележани 7 жители.

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Малешевија, во средишниот дел на територијата на Општина Берово, под северната падина на Малешевските Планини. Селото е ридско, на надморска височина од 900 метри. Од градот Берово е оддалечено 6 километри.

Русиново има еден од најголемите атари по површина во Македонија. Атарот зафаќа простор од 133,3 км2. На него шумите заземаат површина од 9.078 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 2.518 хектари, а на пасиштата 1.542 хектари.

Историја

мини|десно|Сенародна панихида при гробот на Даме Груев во с. Русиново во 1916 година

Во XIX век, Русиново било христијанско село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 17 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Русиново имало 1.510 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Русиново имало 1.758 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.550 Македонци.

Русиново е голема населба, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 2.242 жители, а во 1994 година 2.100 жители. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 2.095 жители, од кои 2.092 Македонци, 1 Србин и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.503 жители, од кои 1.416 Македонци и 87 лица без податоци.

Родови Русиново во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед. Семејства и родови кои живеат во Русиново се: Шутевски, Алаѓозовски, Мирчовски, Механџиски.

Општествени установи

мини|300п|десно|Средишното основно училиште „Никола Петров - Русински“ во селото

Основно училиште „Никола Петров - Русински“ до IX одделение Детска градинка 23 Август, клон на градската градинка од Берово Амбуланта Културен дом Пошта (2315)

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Берово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Берово.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Русиново, каде Русиново било единствено село во општината.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од некогашната Општина Владимирово, во која покрај селото Русиново се наоѓале и селата Владимирово и Мачево.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Берово.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0014 и 0015 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница и основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на оваије изборни место биле запишани вкупно 1.602 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Петка“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Ан — населба од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква; Дунковец — могила од римското време; Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време; Плашица — населба и викус од доцноантичкото време; Терзиевец — населба од доцноантичкото време; Црквиште I — старохристијанска црква; Црквиште II — старохристијанска црква; Чука — градиште од доцноантичкото време; и Џами Тепе — средновековна црква.

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква од век; Црква „Св. Марко“ — капелна црква; и Црква „Св. Архангел Михаил“ — капелна црква од век.

Бисти Биста на Никола Петров Русински Биста на Даме Груев

Споменици Споменик од НОБ

Личности

Иван Белчев (1867–1921) — македонски револуционер; Никола Петров Русински (1885–1943) — македонски револуционер; Љупчо Мирчовски (1964–2001) — македонски бранител, капетан на воената полиција; Кристијан Воденски (р. 2006) — германски повеќекратен шампион во боречки спортовиГерманската телевизија „РТЛ“ со прилог за „малиот Нинџа“ Воденски! Васил Димов Алаѓозовски — македонски револуционер од ВМОРО. Јордана Василева Алаѓозовска — македонска револуционерка од ВМОРО.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Беровски села Категорија:Села во Општина Берово Категорија:Села во Македонија