Горно Кратово — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Истуреното маало Вељановец
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово, недалеку од самиот град Кратово во северна насока, на оддалеченост од околу четири километри, па затоа селото припаѓа на рурбалната зона на самиот град. Селото е раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 880 до 1.160 метри.
Ова е село кое се наоѓа три километри североисточно од Кратово, во западните пазуви на планината Осогово. До самото село води земјен пат од самиот град.
За него македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга „Материјали по изучувањето на Македонија“, запишал дека е мало село сместено десно од реката на едно карпесто место во подножјето на Лисец (или Мушковска Планина) на половина час од градот.
Историја
Во османлиските книги на немуслиманското население на Кратовскиот вилает од 1618-1619 година селото се води под името Горна Кратова со 21 домаќинства кои се обврзници на џизија.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253. Списокот на населените места и немуслиманските домаќинства во истиот вилает од 1637 вели дека во Горно Кратова има 25 домаќинства-обврзници.Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.
Според записите на Ѓорче Петров, Горно Кратово било мало село со 30 македонски куќи. Некогаш во атарот на селото се наоѓал горниот дел на Кратово, а откако се иселиле жителите во новото Кратово, тука останало едно селце.
По Илинденското востание, во 1904 година поголем дел од селото потпаѓа под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126.
Во селото работеле бугарско и српско училиште.
При избивањето на Првата балканска војна во 1912 година 20 луѓе од Горно Кратово одат како доброволци во Македонско-одринското ополченство.„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 839.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 15,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 987,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 324,3 хектари, а на обработливите површини 124,7 хектари.
Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.
Според записите на Ѓорче Петров, мештаните му биле ратаи и носеле дрва во градот Кратово.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Горно Кратово има 280 жители, сите Македонци христијани.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Горно Кратово живееле 384 Македонци, од кои 320 под Бугарската егзархија и 64 под Цариградската патријаршија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 130-131.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Од селото се иселил добар дел од населението, така што селото преминало од средно по големина, во мало село. Во 1961 година селото броело 367 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 67 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Кратово живееле 27 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.
Самоуправа и политика
Кон крајот на век, Горно Кратово било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0909 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватна куќа.
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 7 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Селската црква „Св. Троица“ во маалото Вељановец
Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичко време; и Грамади — населба од доцноантичко време.
Цркви Црква „Св. Троица“ — новоизградена селска црква во маалото Вељановец, осветена на 16 мај 2021 година.
Личности
Родени во или по потекло од Горно Кратово Коле Арсовски (1925-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Александар Тасевски (1926-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Поврзано Општина Кратово Кратово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово