Мушково — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Куќа во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово. Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.120 до 1.300 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри.

До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271.

Историја

Селото се споменува во грамота на Константин Драгаш од 1381 година, како село во близина на манастирот „Св. Гаврил Лесновски“.Хр. Матанов, Княжеството на Драгаши, София, 1997, с. 220

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година, селото е запишано под името Мушкова со 38 домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 253.

Според пописот од 1637 година, селото имало 36 домаќинства.Турски извори за българската история (т. VIII), предговор и съставителство Е. Грозданова, издание на Главно управление на архивите при Министерския съвет, Архивите говорят, т. 13, София 2001, с. 52.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 602 хектари, на пасиштата отпаѓаат 460 хектари, а на обработливите површини 211 хектари.

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мушково живееле 350 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 223. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мушково имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Мушково во 1961 година имало 322 жители, а во 1994 година само 47 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Мушково живеел 51 жител, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 43 жители, сите Македонци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Месната заедница во селото

Месна заедница

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Мушково било село во Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0906 според Државната изборна комисија, сместено во простории на месната заедница.

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.

Галерија

Поврзано Општина Кратово Кратово

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово