Пендак — село во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во општина Кратово, близу до с. Димонце, с. Куклица и с. Страцин.

Историја Во XIX век селото било дел од Кратовската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пендак живееле 190 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 221. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пендак имало 184 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.130-131.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 45 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 15 жители, од кои 14 Македонци и 1 Албанец.

Родови

Пендак е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:

Староседелци или доселеници со непознато потекло: Забелци (9 к.), Гранџолци (7 к.), Широкопадинци (6 к.), Додаци (5 к.), Велковци (4 к.), Тангарци (4 к.), Долномалци (3 к.), Свекланци (3 к.), Зајци (2 к.), Шолевци (2 к.), Чепишовци (2 к.) и Чавдарци (1 к.).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кратовски села Категорија:Села во Општина Кратово