Кале — археолошко наоѓалиште во поречкото село Белица. Претставува доцноантичко градиште. Се наоѓа на 4 км северно од селото, на високиот рид Столаватец, на кој има зарамнет простор од 80 × 60 м, каде се гледаат остатоци од одбранбен бедем ѕидан од камен и варов малтер. Зачуван е само во темелите, а по површината на градиштето се среќаваат множество градежен материјал, фрагменти од керамички садови и питоси. Кај месен жител се наоѓаат монети откриени во ова наоѓалиште.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Варница — некропола од доцноантичкото време; Миткороен — утврдена населба од доцноантичкото време; Ридот — населба од хеленистичкото и римското време, старохристијанска црква и некропола; Столоватец — градиште од доцноримско време; Глибовец — кастел од доцноантичкото време; Аништа — некропола од средниот век; Влак — некропола од средниот век;

Наводи

Категорија:Белица (Порече)