Јемтланд (швед. Jämtlands län) е округ (län) во средна Шведска. Ги опфаќа покраините Јемтланд и Херједален, заедно со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд, како и незначително ситни ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна. Округот зафаќа 49.443 км2 или 12% од територијата на Шведска и е трет по големина во земјата. Административен центар е градот Естерсунд, кајшто е сместен окружниот одбор. На чело на одборот стои управник. Округот Јемтланд се граничи со окрузите Даларна, Јевлеборг, Вестернорланд и Вестерботен во Шведска и норвешките окрузи Северен Тренделаг и Јужен Тренделаг.

Јемтланд е формиран во 1810. Првично ги опфаќал само покраините Јемтланд и Херједален, поради што штитот (грбот) ги комбинира само грбовите на тие две покраини.

Покраина Округот Јемтланд главно се состои од покраините Јемтланд и Херједален, со мали делови од Хелсингланд и Онгерманланд и мали ненаселени делчиња од Лапонија и Даларна.

Управа

Главна цел на окружниот административен одбор е спроведување на целите утврдени во парламентот и владата, усогласување на локалните и државните интереси, унапредување на развојот во округот, воспоставување на регионални цели, запазување на јавниот ред и раководење со правните постапки. Окружниот административен одбор е владина служба на чие чело стои управник. Јемтланд има и окружен совет (Jämtlands Läns Landsting).

Демографија

Округот е ретко населен, со тоа што над една третина од населението е селско. Со тоа Јемтланд е второ по големина рурално подрачје во Шведска, веднаш по Готланд. Останатите две третини од луѓето живеат во густо населеното подрачје околу езерото Стуршен наречено „Стуршебигден“ (Storsjöbygden).

Општини десно|400п|Општини во Јемтланд

Берг Бреке Естерсунд Крокум Оре Рагунда Стремсунд Херједален

Наводи

Поврзано Јемтланд

Надворешни врски Окружен административен одбор на Јемтланд Окружен совет на Јемтланд Јемтланд - службена страница

Категорија:Окрузи во Шведска

Округ Категорија:Херједален