Дарничкиот мост (украински: Дарницький міст) е мост кој минува низ реката Днепар во престолнината на Украина, Киев.

Преку овој мост се одвива железнички сообраќај. Мостот бил изграден во 1949 година, но претходно на истото место постоел мост кој бил изграден во текот на 1870 година, кој го носел името според неговиот архитект, мост на Аманд Струве. Во 1941 година, мостот бил разрушен.

Категорија:Мостови во Киев