Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ (или скратено СУ) е најстарата високообразовна институција во Бугарија, создадена на 1 октомври 1888 год. со решение на Народното собрание на Кнежевство Бугарија. Централното крило на зградата на СУ е изградено со помош на великодушните донации на браќата Евлоги и Христо Георгиеви. Денес нивните скулптури го красат главниот влез на Ректоратот.

Историја лево|мини|Зградата на Првата софиска машка гимназија во Софија (1907), каде што во 1888 година започнала наставата на Високото училиште, претходник на Софискиот универзитет. Историјата на Софискиот универзитет започнува на 1 октомври 1888 година, кога во зградата на Првата софиска машка гимназија свечено започнала наставата на Историско-филолошкото одделение на Вишиот педагошки курс. Новата институција била основана како прво високо училиште во Кнежевството Бугарија и во почетокот имала скромни размери — четворица редовни и тројца вонредни професори и 43 студенти. Прв ректор бил истакнатиот бугарски јазичар Александар Теодоров-Балан. лево|мини|Група студенти от Медицинскиот факултет при зградата на Ректоратот во изградба, март 1930 г. Во првите години институцијата постепено се проширила. Во 1889 година бил основан Физичко-математичкиот оддел, а во 1892 година бил создаден Правниот оддел, со што се поставиле темелите на идната факултетска структура. По неколку месеци од основањето, Високиот педагошки курс бил преименуван во Високо училиште, кое станало главен центар на научното образование во Бугарија.

Со донесувањето на нов закон за високото образование во 1904 година, Високото училиште добило статус на универзитет и официјално било преименувано во Универзитет во Софија. Во следните децении универзитетот продолжил да се развива, отворајќи нови факултети и создавајќи научни институти. До изградбата на денешната зграда на Ректоратот (1924–1934), наставата се одржувала во различни државни објекти, меѓу кои и старата зграда на Народното собрание.

Структура Денес СУ има 15 факултети и 3 одделенија.

Факултети Медицински факултет Биолошки факултет Хемиски факултет Факултет по класични и нови филологии Економски факултет Педагошки факултет Геолошко-географски факултет Историски факултет Факултет по новинарство и масовни комуникации Правен факултет Факултет по математика и информатика Филозофски факултет (Софиски универзитет) Физички факултет Факултет по почетна и предучилишна педагогија Факултет по словенски филологии Богословски факултет

Одделенија Одделение за јазична обука Одделение за информација и учители Одделение за спорт

Поврзано Список на виши училишта во Бугарија

Врски

Мрежно место на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“

Категорија:Свети Климент Охридски