Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква на виничкото село Пекљани, Македонија.
Историја
Црквата Св. Пресвета Богородица (Мала Богородица) во с. Пекљани е изградена како еднокорабна градба од жителите на селото во 1913 година, на местото каде имало џамија која селаните ја запалиле и срушиле во 1912 год. На истото место претходно постоела постара црква која Турците ја срушиле. Годината на изградба е врежана во ѕидот на црквата над влезната врата. Црквата има повеќе предмети од периодот пред да се изгради, меѓу кои е сребрениот крст на кој е напишана годината на изработка 1890 година и дарителите. Тоа е потврда дека на ова место пред да се разруши џамијата постоела христијанска црква.
Живопис
Храмот не е фрескоживописан. Иконите и иконостасот се завршени во 1930 година од кочански уметници и Ѓорѓи Зографски од Велес кој се потпишал на иконата “Рождество на Пресвета Богородица’’. Иконостасот во црквата е направен на 4 спрата во кој се сместени 61 икона.
Наводи