Ересунд (, , месно нар. Сундет) — проток помеѓу данскиот остров Зеланд и покраината Сканија во јужна Шведска. Во најтесниот дел, помеѓу Хелсингер (Данска) и Хелсингборг (Шведска), протокот е широк е само 4 км. Во околината се наоѓа регионот Ересунд кој е поделен помеѓу двете земји и брои 3,7 милиони жители.

Ересунд е еден од трите дански протоци што го поврзува Балтикот со Атлантскиот Океан преку Категат, Скагерак и Северното Море, како и еден од најпрометните водни патишта во светот.

Протокот го пресекува Ересундскиот мост, отворен на 1 јули 2000 од шведскиот крал Карл XVI Густав и данската кралица Маргарита II. Помеѓу Хелсингборг во Шведска и Хелсингер во Данска непрестајно сообраќаат и траекти.

Историја мини|десно|250п|Поглед на Ересунд и тврдината Кронборг во 1588 Политичката контрола врз Ересунд отсекогаш била од големо значење во данската и шведската историја. Данска имала воена контрола на крајбрежната тврдина Кронборг кај Елсиноре на западната страна и Кернан и Хелсингборг на источната, сè до склучувањето на Роскилдскиот мировен договор (1658), кога источната страна ѝ припаднала на Шведска. Обете тврдини се сместени во најтесниот дел на протокот (4 км во широчина).

Во 1429 кралот Ерик Померански вовел пропусни давачки за минување на протокот кои важеле цели четири века, сè до 1857. Оваа давачка со векови била најважниот извор на средства на данската круна, обезбедувајќи му на кралот релативна независност од неговиот совет и аристократијата.

мини|десно|Северниот дел на Ересунд

Позначајни острови Природни Амагер Вен (Хвен) Салтхолм

Вештачки Гроен Миделгрундсфортрет Пеберхолм Флакфортрет

Поврзано Ересунд (регион) Ересундски мост Голем Белт

Наводи

Литература Menefee, Samuel Pyeatt, "The Sound Dues and Access to the Baltic Sea" in Renate Platzoder and Philomene Verlaan (уред.), The Baltic Sea: New Developments in National Policies and International Co-Operation (1996), стр. 101-32.

Надворешни врски

Ересунд-директ — информативен портал за месните жители „Ересундски трендови “ — информативен портал

Категорија:Протоци во Данска Категорија:Протоци во Шведска Категорија:Протоци во Балтичкото Море Категорија:Копенхаген Категорија:Сканија Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Мориња во Данска Категорија:Географија на Копенхаген