мини|десно|280п|Ареал на рисот во Македонија (2002) мини|десно|300п|Распространетост на јаворот во светот Ареал (од лат. area = „подрачје“), распространетост или дистрибуција e природната распространетост на некоја група растенија или животни„ареал“ - Лексикон на македонскиот јазик, Он.нет, т.е. географското подрачје во кое може да се сретне еден вид.
Поимот има различни варијанти, зависно од контекстот:
понекогаш се прави разлика помеѓу автохтон ареал на еден вид и местата кајшто видот е внесен со човековите активности (намерно или не сакајќи), како и местата каде што е повратен во природата ако бил претходно искоренет. кај видовите што живеат во различни подрачја во различни годшни времиња, се користат поимите летен ареал и зимски ареал. кај видеовите кои се размножуваат само во извесен дел од нивниот ареал не важат поимите расплоден ареал и нерасплоден ареал. кај животните што се постојано во движење, се зборува за природниот ареал, наспроти местата кајшто видот се јавува како скитник. честопати се додаваат географски и временски определници: македонски ареал или ареал пред 1930 г.
Постојат барем пет вида на распространетост:
расеана/произволна (произволна распределеност) збирна/групирана (мнозинството е сконцентрирано во едно подрачје) линеарна (поставеноста образува линија) радијална (поставеноста образува облик ' х ') правилна/подредена (нема никаква произволност, туку видот следат рамномерна шема, како во решетка)
Поврзано Живеалиште Животна средина
Наводи
Категорија:Биогеографија Категорија:Демографија Категорија:Екологија Категорија:Население Категорија:Биологија Категорија:Зоологија Категорија:Ботаника Категорија:Германизми Категорија:Демекологија Категорија:Еколошки поими