мини|десно|250п|Диви предели во Енонтекио Лапонија или Лаппанд (фински и севернолапонски: Lappi, шведски Lappland) е најголемиот и најсеверниот регион во Финска. Општините во него се здружени во регионален совет. Се граничи со Северна Остроботнија на југ, Ботнискиот Залив, окрузите Норботен (Шведска), Финмарк и Тромс (Норвешка) како и со Мурманската област во Русија.

Историски покраини

Лапонија е одделена од Оулу во 1936. По Втората светска војна, областите Пецамо (Печеншки реон) и Сала му припаднале на Советскиот Сојуз. Според монархистичкиот устав во првата половина на 1918 г, Лапонија требала да стане големо кнежевство, како дел од наследството на предложениот крал на Финска, но ова не се остварило.

Лапонија била една од покраините во Финска, сè до нивното распуштање на 1 јануари 2010.

Население Во Лапонија живее околу 3,6% од населението на Финска. Регионот е во голема мера најретко населено подрачје во земјата. Најголеми градови се Рованиеми (админ. центар), Кеми и Торнио. Во 2009 населението броело 183.748 жители, од кои 179.070 како мајчин го говореле фински, 1.473 лапонски, 338 шведски и 2.867 говореле друг јазик.Статистички бази - Статистички центар на Финска Од лапонските јазици, во регионот се застапени севернолапонскиот, инарсколапонскиот и сколтскиот лапонски јазик.

Управа Покраинската служба е овластена од неколку државни министерства. Има за цел да ги застапува државните и регионални цели и замисли на централната администрација.

Регионален совет Општините во Лапонија се организирани во еден регион, каде раководството се одвива во заеднички регионален совет наречен Лаплански регионален совет (Lapin liitto или Lapplands förbund).

Лапонска роднокрајна област Лапонците (Сами) се најбројни во најсеверните општини во Лапонија, па затоа тие општини ја образуваат Лапонската роднокрајна област (севлап. Sámiid ruovttuguovllu). Овој начин на организација на Лапонците е напореден на регионалното устројство на земјата.

Општини мини|десно|300п|Карта на општините во Лапонија Енонтекио Илиторнио Инари Кеми Кемијарви Кеминма Китила Колари Муонио Пелкосениеми Пело Посио Рануа Рованиеми Савукоски Сала Симо Соданкила Тервола Торнио Утсјоки

Белешки

Поврзано Лани Лапонци Сапми

Надворешни врски

Регионален совет на Лапланд Лапонија - Финска – официјален туристички портал

Финска Категорија:Региони во Финска Категорија:Држави и територии настанати во 1936 година