Милан Станковиќ (српски: Милан Станковић, 9 септември 1987 во Белград) е српски поп-фолк пејач.

Животопис Станковиќ својата кариера ја започна со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ („Звезде Гранда“), каде тој станал фаворит. СМС гласовите го сместиле на првото место 12 пати од 14 емитувани натпреварувачки вечери. Тој влегол во супер-финалето и го привлекол вниманието на пошироката јавност. Во истата година, неговиот сингл излегол во компилацискиот диск „Звезде Гранда“ (со тираж од 100,000 примероци). Тој станал многу популарен на територијата на целиот просотор на поранешната Југославија, тој исто така остварил голем успех во доста европски земји.

Албум „Соло“ Во мај 2009 година излегол неговиот прв албум „Соло“ (50,000 примероци). На овој диск се појавиле сите негови песни, од кои најмногу се издвоиле песните: „Соло“ и „Фејс“. Песната „Фејс“ добила и видео запис. Албумот бил издаден за Гранд Продукција.

Евровизија 2010 Тој исто така учествувал во емисијата „Три па еден за Осло“ („Три па један за Осло“), српскиот нациoнален избор за претставник на изборот за песна на Евровизија 2010 во Осло. Тој победил на изборот и истата година ја претставил Србија на Евровизија со песната „Ова е Балкан“ („Ово је Балкан“). Милан влегол во финалето и на крајот завршил на 13-то место.

Кариера По враќањето од Евровизија, тој влегол во конфликт со неговата продукциска куќа и со директорот на продукцијата, Саша Поповиќ. По скоро една година во јуни 2011 година, Милан го издал својот сингл „Перје“, за која и самиот се јавува како композитор. Во октомври 2011 Милан го решил проблемот со Гранд Продукција и го раскинал договорот. Со раскинувањето на договорот Милан започнал со европска турнеја. Својата прва турнеја ја започнал во Швајцарија.

Дискографија Још увек Непристојна понуда Face (фејс) Соло Ово је прича о нама Ја чу увек да ти чувам леџа Хајде води ме са собом Непоправљиво Ово је балкан Балкањерос Перје Мама

Видеографија Face (фејс) Мама

Надворешни врски Милан Станковиќ

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Луѓе од Обреновац Категорија:Српски поп-фолк пејачи Категорија:Срби од 21 век Категорија:Учесници на Евровизија