thumb|Сателитска слика на Хамбург. Пристаништето Хамбург се наоѓа долж јужниот брег на реката Елба и бројните речни ракави.
Пристаништето Хамбург (германски најчесто: Hamburger Hafen) е пристаниште во Хамбург, Германија, на реката Елба. Пристаништето се наоѓа 110 километри од устието на Елба во Северното Море.
Нарекувано е германска „порта кон светот“ и е најголемо пристаниште во Германија. Тоа е второ најпрометно пристаниште во Европа (по тоа во Ротердам), по поглед на капацитетот и 11-то најголемо во светот. 9,74 милиони контејнери биле тргувани во Хамбург во 2008.
Пристаништето покрива површина од 73,99 км2 (64,80 км2 корисна), од кои 43,31 км2 (34,12 км2) се земјена површина. Местото е природна предност на разграноците на Елба, создавајќи идеално место за пристаништен комплекс со складови и бродски објекти. Продолженото слободно пристаниште исто така овозможува бесплатен превоз.
Историја
Историјата на пристаништето е скоро стара колку и самата историја на Хамбург. Основано на 7 мај 1189 од Фридрих I поради неговата стратешка локација, било главно пристаниште на Средна Европа со векови и дозволувајќи му на Хамбург да се развие рано во водечки град на трговијата и на гордата буржоазија.
Во текот на Ханзата од 13-от до 17-от век, Хамбург бил сметан за втор, веднаш зад пристаништето и градот Либек, во поглед на неговата позиција како централелн трговски јазол за поморската трговија.
Во текот на втората половина на 19-от век, Хамбург станал главно место за прекуокеанските патници и товарниот сообраќај во Средна Европа и од 1871, па натаму, бил главно пристаниште за трговија на Германија. Линијата Хамбург-Америка била во тоа време, најголема бродска компанија во светот. Слободното пристаниште, основано на 15 октомври 1888 дозволувало на трговците да ги пренесат и складираат добрата без да поминат низ царината, што дополнително ја зајакнала позицијата на Хамбург во поморската трговија со соседните држави. Молдаухафен имал сличен договор, ама единствено и исклучиво со Чешка.
Speicherstadt, една од архитектонските икони денес во Хамбург, е голема складишна зона од 350.000 м² на северниот брег на реката, изградена во 1880-тите, како дел од слободното пристаниште и справувањето со големите количини на складирани добра во пристаништето.
Бродоградилиштето Хамбург ги изгубило своите флоти двапати по Првата и Втората светска војна и по поделбата на Германија помеѓу 1945 и 1990, Пристаништето Хамбург ја изгубило поголемиот дел од својата непосредна околина и како последица на тоа многу од трговските врски. Меѓутоа, по германското реобединување, падот на Железната завеса и проширувањето на ЕУ, Хамбург постепено станува едно од најголемите логистички центри во Европа и едно од најпрометните и најголемите светски морски пристаништа.
Прославата на роденденот на пристаништето (Hafengeburstag) секоја година се одржува во првиот викенд на мај е еден од најголемите јавни настани во Хамбург. Посетителите доаѓаат од цела Германија и Европа да ја доживеат прославата.
Пристап
Продлабочувањето на реката Елба за големи пловни објекти е контроверзно поради еколошки причини. Делумно се должи на соработката со Долна Саксонија и Бремен за изградба на ново контејнерско пристаниште (JadeWeserPort) во длабоките води на Jadebusen во Вилхелмсхафен, Хамбург се откажал од овој план по промената на владата во 2001.
Терминали
ПристаништеОператорВидСидриштаДолжина на кејотКранови на кејотПовршина (Ha)Капацитет (kTEU)EUROGATE контејнер терминал Хамбург (CTH) EUROGATE контејнер 6 2.050 м 21 140 2.900 Контејнерски терминал Алтенвердер (CTA) HHLA контејнер 4 1.400 м 26 110 > 3.000 Контејнерски терминал Бухардкај (CTB) HHLA контејнер 8 2.850 м 22 140 5.200 Контејнерски терминал Толерорт (CTT) HHLA контејнер 4 1.000 м 8 40 950 Терминал Buss Hansa повеќенаменски 840 м 9 30 Терминал Buss Ross повеќенаменски 230 м 1 Штајнвег товарно 1.150 м 4 250 Терминал Buss Hansa течен товар 840 м Elbe Mineralölwerke Royal Dutch Shell течен товар 8/брод Vopak Terminal Hamburg Vopak течен товар 840 м 9 720,000 cbm 5.000
Крстарење
Хамбург е главно одредиште за бродовите за крстарење, но исто така и главно место за бродоградбата.
Култура
thumb|Flussschifferkirche (Пловна црква)
Пристаништето Хамбург е исто така една од најголемите атракции а Хамбург, како и станбен, индустриски и логистички центар, но исто така и како позадина на современата култура и пристанишната историја. Во него се наоѓаат различни бродови-музеи, музички театри, барови, ресторани и хотели - дури и пловечка брод-црква.
Туристичките бродски прошетки во пристаништето се нарекувани he lüchts (долногермански за тој лаже), откако често пристанишните работници им довикуваат на туристите, откако ќе ги слушнат приказните на туристичките водичи.
Поврзано
Елба 17
Наводи
Надворешни врски
Страница на пристаништето Хамбург Трговска комора Хамбург - Пристаниште Хамбург: Факти, бројки и изглед Страница на Хафен Сити Филхармониска сала Елба - моментално во изградба во Хафен Сити Уметност во Хафен Сити Слики и видеа од Хамбург
Категорија:Сообраќајот во Хамбург Категорија:Географија на Хамбург Категорија:Пристаништа во Германија Категорија:Речни пристаништа во Германија