мини|десно|Поглед кон Горно Нерези од манастирот Горно Нерези — село во Општина Карпош, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба мини|лево|Манастирската црква „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези

Горно Нерези е ридско село сместено на западниот дел на северната падина на планината Водно на надморска височина од 600 метри.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 29 христијански и 15 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 89 мажи христијани, со 7 новороденчиња и 64 мажи муслимани со 2 новороденчиња. Исто така биле забележани и 6 мажи муслимани со своите смејства како тазе доселени во Нерези. Се проценува дека селото во тој период имало 336 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 251 жител.

На крајот на XIX век Горно Нерези било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 350 Македонци.

Археолошки наоѓалишта

Стопанство мини|лево|Куќи во Македонското етно село во Горно Нерези

Населението главно се занимава со сточарство и полјоделство.

Население

Според пописот од 2002 година, во Горно Нерези живееле 314 жители, од кои: 22 Македонци, 282 Албанци, 6 Турци, 1 Влав и 3 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 181 жител, од кои 51 Македонец, 112 Албанци, 5 Турци, 1 Влав, 6 Бошњаци, 5 останати и 1 лице без податоци.

Општествени установи мини|десно|Црквата „Св. Илија“ во Горно Нерези

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

„Св. Пантелејмон“ — манастирска црква изградена во XII век; „Св. Илија“ — црква осветена на 23 октомври 2016 г. Изградена на место каде некогаш постоел крст со мал параклис, изграден во 1887 година. Македонско етно село

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано Долно Нерези — некогашно село, денес градска населба меѓу Козле и Тафталиџе II

Наводи

Надворешни врски