Њутн метар (симб. N m, N·m, Њ м, Њ·м)Симболи на единиците - МБТМ — единица за момент на сила од SI системот. Еден њутн метар е еднаков на моментот добиен од сила од еден њутн применета вертикално врз моментен лост со должина од еден метар.

Поретко се користи и како единица за енергија, и како таква е еквивалентна на позастапената стандардна SI-единица - џулот. Во овој мошне поинаков случај на употреба, метарот го претставува изминатото растојание или поместувањето во насока на силата, а не нормалното растојание од ослонецот како кога единицата се користи за момент на сила. МБТМ препорачува њутн метарот да не се користи за енергија, бидејќи ова доведува до забуна, т.е. не е јасно дали единицата изразува момент на сила или количество енергија.Посебни називи - МБТМ

Њутн метарот (како единица за момент) се користи за пресметка на потрошени џули кога ќе го помножиме со аголот (во радијани) низ кој се врти телото во насока на силата. Единицата може да се користи и во пресметка на произведена моќ во вати ако ја помножиме со брзината на вртење (во радијани во секунда), вака:Ferdinand Beer et al., Vector Mechanics for Engineers, стр. 1084

Во други единици

1 њутн метар = 0,7375621 стапки-фунти 1 килопондметар = 9,80665 N·mMechanical Engineering Formulas Pocket Guide, стр. 6Concise encyclopedia of plastics, Donald V. Rosato, Marlene G. Rosato, Dominick V. Rosato, стр. 621 1 стапки-фунти = 1k фунта-стапка-сила ≈ 1,3558 N·m 1 инч-унца-сила = 7,0615518 N·m 1 дин-сантиметар = 10−7 N·m

Поврзано Килопондметар Момент на сила

Наводи

Категорија:Единици за момент на сила Категорија:Изведени SI-единици