Билштет е кварт во округот Хамбург-Мите, во источниот дел на Хамбург, Германија. Во 2007, бил втор најнаселен кварт во Хамбург.

Историја

thumb|left|Билштет на воена карта во XVIII век.

Шифбек, Ејендорф, Штајнбек и Шлем биле стари населби, кои сега се дел од квартот.

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Билштет имал вкупна површина од 17 км2. На север е квартот Јенфелд во округот Вандсбек. Општините Барсбител и Остштајнбек во германската покраина Шлезвиг-Холштајн се на исток. На запад се квартовите Хорн и Билброк, на југ е квартот Лобриге во округот Бергедорф.

Демографија

Во 2007, населението во Билштет било 68.936. Густината на населеност била 4.056 жители на км2. 19,7% биле деца под 18 години и 17,3% имале 65 или повеќе години. 22,5% биле имигранти. 5.274 лица биле регистрирани како невработени.Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007) Во 1999, имало 32.336 домаќинства и 39% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 2,14.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 68.068 68.838 69.435 69.978 69.899 69.938 69.676 69.651 69.588 68.763 69.014 68.209 68.279 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 68.256 68.064 68.461 68.512 68.119 68.115 68.573 68.936

Во 2007, имало 9.626 кривични дела (140 на 1000 лица).

Образование

thumb|left|Училиште Möllner Landstraße.

Во 2006, имало 10 основни и 6 средни училиште во квартот Билштет со 3.894 ученици.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Инфраструктура

Здравствен систем

Во 2007, имало 36 дневни центри за деца, 84 лекари во приватни ординации и 12 аптеки.

Сообраќај

Автопатот Bundesautobahn 1 и сојузниот автопат Bundesstrasse 5 водат низ квартот. Билштет е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици на линијата U3.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Билштет бил регистрирани 19.998 приватни возила (290 возила/1000 луѓе) во 2007 и 258 сообраќајни несреќи.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)

Рекреација

Во делот Ејендорф се наоѓа Ејендорфското Езеро.

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Четрти во Хамбург