Демохристијански сојуз на Германија или ДХС ( или CDU, букв: Христијанско-демократски сојуз на Германја) — демохристијанска и конзервативна политичка партија во Германија. Одредена е како партија на десниот центар во германскиот политички систем. Заедно со нејзината братска партија во Баварија, Христијанско-социјален сојуз на Баварија, ДХС ја образува групата CDU/CSU, позната и како Сојуз, во Бундестагот.
Водачот на партијата, Ангела Меркел, е моменталниот канцелар на Германија. ДХС е член на европската народна партија (EPP) и припаѓа на групата на таа партија во Европскиот Парламент. Ова е втора по големина политичка партија во Германија, гледано според бројот на членови.
Германски канцелари од ДХС
Канцелар на ГерманијаМандатКонрад Аденауер1949–1963Лудвиг Ерхард1963–1966Курт Георг Кизингер1966–1969Хелмут Кол1982–1998Ангела Меркел2005-2018Анегрет Крамп-Каренбауер2018-2021Армин Лажет2021-денес
Поврзано Христијанска демократија Христијанско-социјален сојуз на Баварија (CSU) Христијанско-социјален сојуз (Источна Германија) Политика на Германија Список на политички партии во Германија Бундестаг Христијански демократски партии
Наводи
Додатна литература Hans-Otto Kleinmann Geschichte der CDU: 1945–1982. Stuttgart 1993, ISBN 3-421-06541-1
Надворешни врски Официјална страница Службена страница на Европската народна партија
Категорија:Политички партии во Германија Категорија:Демохристијански партии