Каменц (, ) — град во Лужица (источна Саксонија), Германија. Сместен е во округот Бауцен и брои 18.243 жители. Се наоѓа 40 километри североисточно од Дрезден и околу 30 километри северозападно од Бауцен (Будишин).

Градот е родно место на познатиот драматург, филозоф и поет Готхолд Ефраим Лесинг (1729-1781).

Историја

Кон крајот на век на местото на градот е изграден замок за крајпатната стража како обезбедување на древниот пат Вија Регија и реката Шварце Елстер. Ова бил важен трговски пат помеѓу Белгија и Шлеска.

Градот за првпат е споменат во 1225, а во 1319 стекнал управна независност. Во 1346 Каменц и пет други града го склучиле т.н. „Сојуз на шест горнолужички града“ за да се заштитат од пљачкосувањата на околните вооружени чети. Во 1707 голем дел од стариот град е уништен во катастрофален пожар.

Знаменитости Театри Градски театар (Stadttheater) Хутбершка сцена (Hutbergbühne Kamenz, на отворено, со капацитет до 10 000 гледачи)

Музеи Музеј на Западна Лужица (Museum der Westlausitz) Лесингов музеј (Lessingmuseum)

Објекти Градска куќа (изгр. 1848-1849) во неоренесансен италијански стил Андреината фонтана (Andreasbrunnen) на пазарниот плоштад Црвена кула, Калуѓерски ѕид (Mönchsmauer), Pichschuppen (делови од средновековниот градобран) Главна протестантска црква Св. Марија (изгр. 1275-1479 во доцноготски стил) соборна црква Св. Ана (1499) катехистичка црква (1358) споменик на Лесинг (местото кајшто се наоѓала родната куќа на Лесинг) Лесингов дом (Lessing-Haus)

Настани Трка по планината Хутберг (Blütenlauf auf dem Hutberg) Лесингови денови (јануари и февруари) Ден на музиката (21 јуни) Шумски фестивал (Forstfest) седмицата на 24 август (Св. Апостол Вартоломеј) Фестивал на носот (Kamenzer Nasenfest) со т.н. „нос-пазар“ (3 октомври) карневал

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Музеј на Западна Лужица Лесингов музеј

Категорија:Бауцен (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица