Долно Оризари — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Потекло на името

Легендата за името на селото говори дека некогаш на ова место се одгледувал ориз, додека било наречено „долно“, бидејќи во областа постои и Горно Оризари.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Селска чешма во селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле, недалеку од градот Битола, во северниот дел на територијата на Општина Битола. Селото е рамничарско, на надморска височина од 577 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 6 километри.

Изразено полско село, североисточно од градот Битола. Соседни села се Горно Оризари, Карамани и Логоварди.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Драгорка, Сув Драгор, Калдрма, Средно Патче, Водејнчиште, Мера, Чивлачко Патче, Горно Патче и Секирица.

Селото има збиен тип, додека куќите се групирани на три маала: Чивлак, Горно и Долно.

Историја

мини|300п|десно|Куќи во Долно Оризари за време на Првата светска војна

Селото е нова населба. Според легендата, било основано кон крајот на или почетокот на век. Основачи на селото биле поединечни македонски родови, поради што во селото не се пронајдени старини.

Во век, Долно Оризари било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 6,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 598,9 хектари, на пасиштата отпаѓаат само 8,6 хектари, додека шуми нема. Селото има исклучително полјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Оризари живееле 440 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Долно Оризари се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 45 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долно Оризари имало 216 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Со оглед на тоа дека селото е во близина на градот, тоа станало место за доселување. Така, во 1961 година броело 848 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.503 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Долно Оризари живееле 1.834 жители, од кои 1.828 Македонци, 4 Роми, 1 Влав и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.734 жители, од кои 1.590 Македонци, 6 Власи, 2 Срби, 9 останати и 127 лица без податоци.

Родови

Долно Оризари е македонско православно село, сите родови во селото се доселени.

Родови во Долно Оризари се:

Најстари родови: Масларовци (5 к.), Стајевци (3 к.) и Враговци (1 к.), доселени се однекаде, првите два рода потекнуваат од ист предок; Клепачовци (5 к.), доселени се од селото Клепач, подалечно потекло од Преспанско; Беличовци (1 к.), деленици се од Клепачовци и Ѓоревци (3 к.), доселени се од некое село во Прилепско. Понови родови: Јаковчевци (8 к.) и Јуруковци (1 к.), доселени се од Карамани; Коњарци (6 к.), доселени се од селото Коњари, не се знае дали Големо или Мало; Ќумковци (4 к.), потекнуваат од домазет доселен од Логоварди; Равановци (1 к.), доселени се од Породин; Демировци (1 к.), доселени се од Логоварди, таму припаѓале на родот Станоовци; Бенџовци (3 к.) и Спировци (4 к.), доселени се од Добромири; Шутаковци (4 к.), доселени се од Алинци; Крепиовци (2 к.), доселени се од Радобор; Ночевци (2 к.), доселени се од Свето Тодори; Чепеловци (1 к.), доселени се од Логоварди; Моријовци (2 к.), доселени се од Тепавци. Споменатото село е на граница со Мариово, и отука името; Српчани (3 к.), доселени се од Долно Српци; Чарлинци (1 к.), Карапашовци (3 куќи) и Вејкрпа (1 к.), доселени се од Долна Чарлија; Саздо (1 к.), доселени се од Мегленци; Штрковци (2 к.) и Стојчевци (1 к.), доселени се од Вирово, Железник; Ночевци (1 к.), доселени се од Слоештица, Железник; Трпевци (2 к.), доселени се од Струшко; Гркот (1 к.) и Петре (1 к.), доселени се од околината на Воден; Анѓелевци (4 к.), Бошковци (3 к.), Босилковци (3 к.), Кекеровци (3 к.), Басаровци (3 к.), Чакревци (2 к.), Лозановци (2 к.), Муслиовци (2 к.), Крстевци (1 к.) и Биртановци (1 к.), доселени се однекаде.

Поголемиот број на родови доселени се во селото уште во турско време, помлади се само доселениците од Железник, Егејска Македонија и Карапашовци, Српчани, Крепиовци и доселениците од Струшко кои се населени во селото после 1912 година.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото, во десниот дел е сместена градинката

Подрачно основно училиште „Даме Груев“, каде се изведува настава до деветто одделение, заедно со забавиште Амбуланта Пошта (7204) Детска градинка „Естреја Овадија-Мара“, клон на градската битолска градинка

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Битола.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Логоварди, во која селото Долно Оризари, се наоѓале и селата Карамани, Логоварди, Оптичари, Поешево и Трн. Општината Логоварди постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0041 и бр. 0042 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.481 гласач.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Петка“

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Герамидница — населба од бронзено и доцноантичко време; Св. Петка — црква од средниот век; Север I — населба од неолитско и бакарно време;Д-р Гоце Наумов и Слободан Стојкоски, НОВИ ПРЕДИСТОРИСКИ ТУМБИ ВО ПЕЛАГОНИЈА, Национална установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, 2015 Север II — населба од неолитско и бакарно време; Домус Поле I — населба од средниот век; и Сакојци — населба од неолитско време.

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква

Редовни настани

Велигден, третиот ден — селска слава Турнир во мал фудбал во чест на Бошко Најдовски. На турнирот учествуваат екипи од цела Пелагонија и Битола и е еден од најпосетуваните и најпопуларните турнири во Пелагонија, секоја година се пријавуваат над 40 екипи.

Личности

Родени во Долно Оризари Бошко Најдовски (1976-2001) — македонски бранител, еден од загинатите во масакрот кај Вејце

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Ѓелдиновци (2 к.), кои живеат во соседното Карамани.

Исто така, од ова село има над 300 иселеници во САД, Австралија, Канада, Шведска, Германија и на други места во светот.

Галерија

Наводи

Поврзано Пелагонија Општина Битола Битола

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола