Вистината преовладува () е националното гесло на Чешката Република, кое е испишано на банерот на чешкиот претседател и истото е наведено во чешкиот устав.

Потекло и значење Геслото е напишано и на споменикот Јан Хус во Прага. Денес се верува дека истото потекнува од фразата на Јан Хус: „Барај ја вистината, слушни ја вистината, научи ја вистината, сакај ја вистината, зборувај ја вистината, држи сè до вистината и брани ја вистината до смрт“. „Вистината преовладува“ било усвоено како гесло од првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик во 1918 година.

Концептот на вистината има долга традиција во чешката политичка мисла. Јан Хус и Јан Амос Комениј ја поврзале вистината со теолошките аспекти, додека етичките погледи на Масарик биле поставени наспрема лагата.

Наводи

Поврзано Список на национални гесла Чешка Република Чехословачка

Категорија:Чешка култура Категорија:Национални симболи на Чешка Категорија:Национални гесла