мини|Портрет на Френклин Пирс (1804–1869) од Метју Брејди. Френклин Пирс (23 ноември 1804г. – 8 октомври 1869г.) беше 14-ти претседател на САД (1853 – 1857) и е единствениот претседател од Њу Хемпшир. Пирс беше демократ и беше „doughface“ (личност која потекнува од северот, но има симпатии од јужниот дел), кој служел во Горниот Дом на САД и во Сенатот. Тој учествувал и во Американско-мексиканската војна и станал бригаден генерал во армијата. Бил многу успешен во правната пракса која ја извршувал во Њу Хемпшир и му биле понудени неколку важни позиции, кои ги одбил. Подоцна бил номиниран како партиски кандидат за претседател на 49-тите предизбори во Демократската Национална Конвенција од 1852г. Во претседателските избори Пирс и неговиот колега Вилијам Р.Кинг победиле со разлика од една држава. Тие ги победиле Винфилд Скот и Вилијам А. Грам со 50% со граница на 44% во граѓанското гласање и 254 со 42 на изборното гласање.
Неговиот пријатен карактер и привлечниот изглед му овозможиле многубројни пријателства, иако преживеал трагедија во неговиот личен живот. Како претседател донел многу различни одлуки, кои беа на широко критикувани, што воедно му донесе репутација како еден од најлошите претседатели во историјата на САД. Неговата популарност во северните држави нагло се намали откако гласаше во полза на Канзас – Небраска актот, заменувајќи го Компромисот на Мисури (кој беше прогласен за неуставен од Врховниот Суд на САД) и поради обновување на дебатата за обновување на ропството во Западна Америка. Кредибилитетот на Пирс беше оштетен кога неколку од неговите дипломати го објавија Остенд Манифестот. Историчарот Дејвид Потер за овој Манифест и за Актот изјави дека се „двете најголеми грешки во администрацијата на Френклин Пирс...и двете донесоа лавина од критики од страна на јавноста“. Уште поважно, вели Потер, тие трајно го оштетија „Манифестот на Судбината“ и „граѓанската сувереност“ како политички доктрини. Напуштен од својата партија, Пирс не беше повторно номиниран на претседателските избори од 1856г. и беше заменет со Џејмс Бјукенан како кандидат од Демократите. По губењето на номинацијата, Пирс ја продолжи својата животна борба со алкохолизмот додека во исто време му се распаѓаше бракот со Џејн Минс Аплтон Пирс. Неговата репутација беше уништена за време на Граѓанската војна кога изјави дека ја поддржува Конфедерацијата, и беше објавено во медиумите дека постои лична кореспонденција помеѓу Пирс и Конфедеративниот Претседател Џеферсон Дејвис. Пирс почина во 1869г. од цироза на желудникот.
Филип Б.Кундарт и Питер В.Кундарт ги одразуваат погледите на многу историчари кога во нивната „Американскиот Претседател“ напишаа дека Пирс бил „добар човек кој не ги разбираше своите мани. Тој беше искрено религиозен, ја сакаше својата сопруга и се смени самиот за да се прилагоди на нејзиниот начин на живот и да ја покаже својата љубов. Тој беше еден од најпопуларните луѓе во Њу Хемпшир, љубезен и учтив, и добар во политичката игра, привлечна личност со шарм. Сепак беше критикуван за неговата неспособност да се справи со промените во Америка“.
Ран живот Воспитување
Френклин Пирс е роден во колиба во Хилсборо, Њу Хемпшир, на 23 ноември 1804г., како првиот претседател на САД роден во 19. век. Местото на неговото раѓање се нарекува езерото на Френклин Пирс. Негов татко бил Бенџамин Пирс, земјоделец кој бил војник во Револуционерната војна, генерал на државната војска и двапати демократско - републикански гувернер на Њу Хемпшир. Тој е директен потомок на Томас Пирс (1623 – 1683г), кој е роден во Норвич, Норфолк, Англија и се населил во колонијата на Заливот на Масачусетс. Мајката на Френклин Пирс е Ана Б. Кендрик. Петто од осум деца тој имал четири браќа и три сестри. Поранешната Прва Дама на САД, Барбара Пирс Буш е далечна роднина.
Образование
Пирс одел на настава во Хилсборо Центарот пред да замине во Ханкок Академијата во Ханкок на 11 години; се префрлил на Франсестаун Академијата пролетта, 1820г. Неговите пријатели се сеќаваат дека веднаш по влегувањето во училиштето го фатила меланхолија за дома и се вратил дома бос. Неговиот татко го ставил во количка, го однел на пола пат до академијата и го оставил на патот без да каже збор. Детето ги испешачило останатите 7 милји до училиштето. Подоцна таа година се префрлил на Академијата Филипс Ексетер за да се подготви за колеџ. Есента 1820г., се запишал на Баудоин Колеџот во Брунсвик, Меин, каде што се вклучил во литературни, политички и дебатни клубови.
Таму го запознал писателот Натаниел Хотом со кого имал долго пријателство, и Хенри Вадсфорд Лонгфелоу. Се запознал и со Калвин Е. Стоув, Серџент С. Прентис, и неговиот иден политички соперник Џон П. Хеил го запознал кога се вклучил во Атинската Заедница, група на студенти со прогресивни политички стремежи.
Во втората година на колеџот неговите оценки биле најниски во класот, но работел за да ги поправи и матурирал како трет според успехот во 1824год. Во 1826год. Се запишал на правни студии во Нортемптон, Масачусетс, учејќи кај Гувернерот Леви Вудбури, а подоцна и кај судиите Семјуел Хоув и Едмунд Паркер во Амхерст, Њу Хемпшир. Бил примен во адвокатската комора и почнал со пракса во Конкорд, Њу Хемпшир во 1827год.
Рана политичка кариера
По завршувањето на колеџот, Пирс влегол во политиката и се издигнал до централна позиција во Демократската Партија на Њу Хемпшир и станал член на водачката група на Конкорд Регенството. Во 1828год. Бил избран во долниот дом на Основниот Суд на Њу Хемпшир. Бил државник од 1829год. до 1833год. и бил претседавач од 1832г. до 1833г. Служел во законодавството на Њу Хемпшир додека неговиот татко бил гувернер.
Во 1832г. Пирс бил избран како Демократ на 23от и 24от Конгрес (04.03.1833 – 04.03.1837). Имал само 27 години, најмладиот до тогаш. Во 1836г. бил избран од основниот суд на Њу Хемпшир како претставник во Сенатот на САД и служел од 4 март 1837г. до 28 февруари 1842г. кога и дал оставка. Тој бил претседавач на Пензискиот Комитет на Сенатот на САД за време на 26от Конгрес.
По неговата служба во Сенатот, продолжил со правната пракса во Конкорд со неговата партнерка Аса Фоулер. Бил Јавен Обвинител во Њу Хемпшир од 1845г. до 1847г. Ја одбил номинацијата од Демократите за Гувернер на Њу Хемпшир и го одбил назначувањето како Јавен Обвинител на САД извршено од претседателот Џејмс К.Полк.
Семејство На 19 ноември 1834г, Пирс се оженил со Џејн Минс Аплтон (1806 – 63г.), ќерка на поранешниот претседател на Боудоин Колеџот. Аплтон била сосем спротивна од Пирс. Била родена во аристократско семејство, срамежлива, често болна, религиозна и темпераментна. Имале 3 деца, и сите им починале во нивното детство: • Френклин Пирс, Џуниор (02.02.1836 – 05.02.1836) • Френк Роберт Пирс (27.08.1839 – 14.11.1843), починал на 4 години од епидемија на тифус. • Бенџамин Бени Пирс (13.04.1841 – 06.01.1853) починал на 11 години. Ниедно од нив не доживеало да го види својот татко како претседател.
Пирс преживеа огромна трагедија само неколку недели по неговата победа на изборите, кога тој, неговата сопруга и нивниот последне син Бенџамин беа во сообраќајна несреќа со воз, каде Бенџамин бил обезглавен пред очите на својот сопствен татко. Пирс ставил чаршав врз безживотното тело на својот син надевајќи се дека неговата жена нема да го види тоа, но сепак таа го видела. Ова ги турнало во очај и него и неговата сопруга, што и влијаело на неговото претседателство сè до моментот кога тој ја напуштил службата како претседател во 1857 г. Џејн никогаш не била задоволна со тоа што нејзиниот сопруг бил вклучен во политичкиот свет. Не била задоволна со животот во Вашингтон и затоа го охрабрувала својот сопруг да го напушти Сенатот, и да се вратат повторно да живеат во Њу Хемпшир, што всушност и станало реалност во 1842 г. По ужасната смрт на својот последен син, кратко пред инаугурацијата на својот сопруг, ја обземало меланхолија и се оддалечила од својот сопруг за време на неговото претседателство. Станала позната како „сенката на Белата Куќа“. Поради тоа што била многу религиозна, смртта на нивното последно дете ја сметала како Божји гнев против политичкиот живот на својот сопруг.
Американско-мексиканска војна
Пирс бил на списокот на доброволци за време на Американско-мексиканската војна и стигнал до чин на полковник. Во март 1847г. бил назначен за бригадирен генерал на доброволците и командувал на бригадата за засилување за армијата на Винфилд Скот која марширала до Град Мексико. Неговата бригада била именувана за прва бригада на новокреираната трета дивизија. За време на битките, Пирс бил сериозно повреден во ногата при паѓање од неговиот коњ. Се вратил на службата наредниот ден, но за време на Битката на Чурубуско болката во ногата му се зголемила, се онесвестил и морало да го извлечат надвор од битката. Неговите политички противници ова го употребиле против него тврдејќи дека тоа го направил од кукавичлок, а не заради повреда. Се вратил на служба и ја водел својата бригада за време на остатокот од кампањата резултирајќи со освојување на Град Мексико. Иако бил политички назначен, докажал дека има и вештини за воен командант. Се вратил дома и служел како претседател на уставната конвенција на Њу Хемпшир во 1850г.
Избори во 1852год.
За време на Демократската Национална Конвенција од 1852г. Пирс не беше сериозен кандидат за претседателска номинација. Никогаш пред тоа не бил главна политичка фигура или водач и не се кандидирал на избори во последните 10 години. Конвенцијата се случувала на 1 јуни во Балтимор, Мериленд со 4 главни членови – Стивен А. Даглас, Вилијам Л. Марси, Џејмс Бјукенен и Луис Кас – за номинациите. Повеќето од оние кои ја напуштиле партијата со Мартин Ван Бјурен за да ја формираат Партијата на Слободна Земја, се вратија. За да се обединат повеќето фракции на Демократската Партија пред да се гласа за номиниран, делегатите усвоија партиска платформа која одбива понатамошна агитација врз ропството и го поддржаа Компромисот од 1850г.
Кога почна гласањето за претседател, 4-та кандидати се најдоа пред ќор-сокак, ниеден кандидат не постигна едноставно мнозинство, многу помалку од бараното двотретинско мнозинство. Сепак, Пирс успеа да влезе како кандидат од компромис. Неговата долга кариера како партиски активист и постојан поддржувач на демократите го направи популарен помеѓу делегатите. Тој никогаш не ги објасни целосно своите гледишта за ропството, што му овозможи достојно прифаќање. За неговата служба во оваа војна партијата го опиша како воен херој. Сенаторот на Алабама Вилијам Р. Кинг беше избран како номиниран за Заменик Претседател. Кандидатот на Whig партијата беше Генералот Винфилд Скот од Вирџинија, негов колега беше Секретарот на Воздухопловството Вилијам А. Грам. Платформата на Whig партијата не беше многу различна од онаа на Демократите, што го доведе натпреварувањето помеѓу карактерите на двајцата кандидати. Пријатниот карактер на Пирс и недостатокот на силни ставови му помогна да го надмине Скот, чии анти-ропски погледи ги намалија гласовите во јужниот дел од државата. Воената служба на Пирс значајно ја надмина репутацијата на Скот како воен херој.
Слоганот на Демократите беше „Ве Полкиравме во 1844г., ќе ве Пирсираме во 1852г.!“ Ова се покажа како точно бидејќи Скот победи само во Кентаки, Тенеси, Масачусетс и Вермонт. Соодносот на гласовите беше 1 601 274 со 1 386 580 или 50,9 % со 44,1 %. Пирс победи во 27 од 31 држава вклучувајќи ја и Вирџинија, државата од која потекнува Скот.
За време на инаугурацијата Пирс на 48 години беше најмладиот претседател, рекорд што остана сè додека Улисес С.Грант не ја презеде функцијата во 1869г. на 46 години.
Претседателство (1853 – 1857) Почетоци