Стоболка или европска стоболка (науч. Spermophilus citellus) — вид животно од семејството на вервериците. Заедно со дамчестата стоболка (Spermophilus suslicus) се единствени претставници на родот стоболки (Spermophilus) во Европа.

Опис Стоболката расте до должина од 20 см и тежи помеѓу 200 и 400 грама. Таа е дневно животно и живее во колонии од поединечни дувла на пасишта и тревнати косини. Денски излегува за да храни, и тоа претежно со семиња, фиданки, корења и наземни безрбетници. Секоја колонија има стоболка што чува стража и им дава звучен сигнал на останатите кога наодаѓа некоја опасност.

Стоболката спие зимски сон помеѓу есента и месец март, зависно од климата. За презимувањето се подготвува со таложење на кафеава маст во подоцнежниот дел на летото.

Во раниот дел од летото стоболката раѓа 5-8 младенчиња.

мини|лево|Стоболка на марка на Македонски пошти по повод 50 години од основањето на Светскиот фонд за дива природа (WWF) (ФДЦ 19б/2011)

Распределба Стоболката е присутна ширум источна европа, од јужна Украина до Мала Азија, Австрија, Чешка, Романија, Бугарија, Република Македонија, Грција и на север до Полска.

Во Република Македонија Во Република Македонија е застапен подвидот македонска стоболка (Spermophillus citellus karamani) која е строго заштитена со целосна забрана за лов. Препариран примерок на стоболка е изложен во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.Постојани изложби - Цицачи - Природонаучен музеј на Македонија Се смета дека името го добила поради нејзините разновидни лековити својства во народната медицина (фиг. дека лечи „сто болести“).

Стоболката е претежно застапена во брегалничкиот регион.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Стоболки Категорија:Цицачи на Европа Категорија:Цицачи на Азија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј