Кверфурт () — град во округот Зале, во јужниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија, кој се наоѓа во плодната површина на Кверне, 18 километри западно од Мерзебург.
Историја
Кверфурт некогаш бил главен град на кнежевството кое се простирало на површино од скоро 200 км2 и население од околу 20.000 жители. Владејачкото семејство исчезнало во 1496, па така преминал кон Мансфелд. Во 1635, со мирот во Прага, бил доделен на изборниот кнез на Саксонија, Јохан Георг I, кој владеел преку неговиот син Август од Саксо-Вајсенфелс; но во 1746 година повторно се обединил со Саксонија. Бил припоен кон Прусија во 1815.
Кверфурт е познат како родно место на Бруно Кверфуртски.
Наводи
Категорија:Зале (округ) Категорија:Саксонија (пруска покраина)