Логоварди — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името

Името го добило по стационираниот турски воен логор, каде постепено за потребите на логорот се подигнувале куќи, чие население ги опслужувало војниците.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Сретселото

Селото се наоѓа во Пелагонија, на источната страна на Битолското Поле, а од десната страна на Црна Река. Лежи недалеку од градот Битола и припаѓа на неговата рурбална зона. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 576 метри.

Во непосредна близина на селото поминува регионалниот пат 1311.

Логовардо е големо село источно од Битола, сместено на границата на привремено поплавуваните и непоплавуваните површини. Околу 1000 метри источно од селото се наоѓа пространа бара постојано под вода. Мештаните отсекогаш имале проблем со водата за пиење и порано сите се служеле од еден стар бунар длабок 6 метри.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ориѓанка, Дабички Пат или Гробишта, ркманица, Маскарник или Под-новиње, Леништа, Лазејца, Драгорки, Баѓери, Пепелиште, Ицојца, Скендерица, Бенгиица, Чергоица, Слатиње, Пијен Бунар, Брегои и Лаг.

Селото се состои од два дела, постариот кој лежи повнатре од патот Битола-Мариово и поновиот, кој се наоѓа непосредно покрај патот. Тие делови се наречени Долно и Горно Маало.

Историја

Месноста Ориѓанка се наоѓа западно од селото, каде што е и местото Дабички Пат или Гробишта. Мештаните во нивите ископувале бакарни римски пари, гробови со исправени камења и големи ќупови. Сепак, народната традиција наведува дека селото не е многу старо. Некогаш на местото на селото живееле „вретенари“, кои биле скитници и од друга вера, а некои мислат дека биле Роми кои работеле на изработка на барут.

По Првата светска војна во селото биле населени шест српски семејства, кои бугарската власт во 1941 година ги отселила.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

мини|300п|десно|Поглед на аеродромот Логоварди

Атарот на селото зафаќа простор од 16,8 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.527 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото работат услужни објекти, а во минатото земјоделска задруга.

Во 1912 година, во селото имало 50 куќи и 20 чифлици во посед на Јусуф, Абдула, Џело, Усеин, Шаќир, Али-бег и други Турци од Битола. Со аграрната реформа, како и со купување на земјата, селаните добиле земја која ја обработуваат.

Во 1935 година, во близина на селото бил отворен истоимениот аеродром, кој најпрвин служел како патнички аеродром, а денес се користи за спортски цели.

Во 1949 година, во Логоварди била основана селекциска сточарска станица на површина од 300 хектари на местото на ливади и ниви на селаните.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Логоварди живееле 420 жители, сите Македонци.Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 237.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Логоварди (или Чекркчи) се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 66 куќи.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Логоварди имало 480 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 166-167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Логоварди е големо село, но со намалување на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 1.079 жители, а во 1994 година 744 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 селото броело 699 жители. Во него живееле 696 Македонци, 1 Србин и 2 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 541 Македонец, 1 Албанец, 8 Турци, 2 Срби и 25 лица без податоци.

Родови

Логоварди е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.

Според истражувањата од 1956 година, родови во селото: Стари родови со непознато потекло се: Ласковци (6 к.), Ѓоргијовци (5 к.), Шишковци (7 к.), Тикваровци (4 к.), Кежовци (3 к.), Станоовци (1 к.) и Врџовци (1 к.). Последниот род е гранка на Ласковци. Родови доселени до 1912 се: Џумковци (13 к.), доселени се од селото Чумово; Ресуловци (6 к.), Коџобашовци (4 к.), Поповци (3 к.), доселени се од селото Рибарци; Беловолновци (3 к.), доселени се од соседното Новаци; Шелеменковци (2 к.), доселени се од Шелеверци; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовци (4 к.), доселени се од Црничани; Јадилебовци (3 к.), доселени се од Добрушево; Воѓановци (1 к.), доселени се од Воѓани; Рокановци (2 к.), Дамевци (3 к.) и Чорбевци (1 к.), доселени се од Карамани; Соклевци (2 к.), доселени се од Путурус, во Путурус припаѓале на родот Џековци кои се доселиле во Путурус од некое село во Леринско; Чекутковци (2 к.), доселени се од Дедебалци; Спировци (1 к.), доселени се од Трн; Еќимовци (2 к.), Зафировци (3 к.), Ѓешовци (4 к.), Јосковци (2 к.), Шарковци (1 к.), Сугаревци (1 к.), Оџовци (4 к.), Пановци (2 к.), Колевци (1 к.), Базгало (1 к.), Писовци (4 к.), Коларовци (1 к.), Калешковци (1 к.), Калпаковци (3 к.), Бабаџовци (3 к.) Љанговци (3 к.) и Преспаковци (1 к.), за сите овие родови старината е непозната. Родови доселени помеѓу двете светски војни: Данаиловци (4 к.), Поповци (1 к.), Николовци (1 к.), Василевци (1 к.), Дуковци (1 к.) и Димовци (1 к.), доселени се од селото Мренога во Железник; Тајшија (1 к.), Китановци (1 к.) и Љупевци (1 к.), доселени се од охридското село Скребатно; Доленчанци (1 к.), доселени се од селото Доленци во Железник; Вардинци (1 к.), доселени се од селото Вардино во Железник; Анаќијевци (1 к.) и Апостоловци (1 к.), доселени се во 1943 од селото Мраморец во Дебрца, таму припаѓале на родовите Перовци и Пејчиновци. Козичанци (1 к.), доселени се од кичевското село Козичино; Беличанци (1 к.), доселени се од селото Белица во Копачка.

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Нешовци (9 к.) и Најдовци (2 к.), живеат во Поешево, Ќумковци (4 к.) и Демировци (1 к.), живеат во Долно Оризари, Талевци (8 к.), живеат во Стрежево и Мечковци'' (3 к.), живеат во Лознани.

Се проценува дека од селото се имаат иселено над 800 лица, најголем дел од нив во градовите Битола и Скопје, прекуокеанските земји и во Европа.

Општествени установи

Подрачното основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола Амбуланта Дом на културата

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Логоварди било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на рамките на тогашната општина Новаци.

Во периодот 1950-1955, селото било седиште на тогашната општина Логоварди, во која покрај селото Логоварди се наоѓале селата Долно Оризари, Карамани, Оптичари, Поешево и Трн.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0137 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на домот на културата.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 558 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 560 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Поглед на главната селска црква „Св. Ѓорѓи“

Археолошки наоѓалишта Бресје — населба од неолитско време; Дабички Пат — населба и некропола од римско време;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 стр. 175-176 Мала Тумба — населба од неолитско време; и Голема Тумба — населба од брозено време.

Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.

Споменици Биста на Стефан Наумов-Стив во училишниот двор Спомен-плоча на НОБ Споменик на браќата Наумови (Стефан-Стив и Ѓорѓи)

Редовни настани

Слави Ѓурѓовден — селска слава

Личности

Родени во или по потекло од Логоварди Благоја Попоски (р. 1952) - македонски и австралиски поет; Вангел Стефановски (р. 1950) - универзитетски професор и агроном; Ѓорѓи Котевски (1950 - 2001) - пратеник во македонското Собрание од 1991 до 1994 и од 1999 до 2001;ПОСЛЕДЕН СОСТАВ 1991-1994: Ѓорѓи КотевскиСОСТАВ 1998-2002 Иван Димов - Јон Пашата (1878 - 1907) - македонски револуционер;Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 94.

Галерија

Поврзано Општина Битола Пелагонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола