Орехово (нарекувано и Горно Орехово) — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Традиционални куќи во Орехово

Името на селото потекнува од мноштвото ореви во околината.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Битола, сместено во југозападниот дел на Битолското Поле и припаѓа на групата потпелистерски села на планината Баба, сместено на нејзините источни огранки. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.060 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 11 километри.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2333 и води преку битолската населба Буковски Ливади и селото Буково.

Селото се наоѓа во т.н. ореовска долина, а целиот негов атар е пошумен со густа дабова, ореова и иглолисна шума. Куќите изградени во првата половина на век се од камен, двоспратни, со мали прозори и балкони.

Селото се наоѓа во горниот дел на долината на Буковска Река. Во тој дел се наоѓаат три речни тераси и на врвот на втората тераса се наоѓа селото Орехово.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Магарево, Панички, Горна Тумба, Марково Кале или Кале, Урдеш, Ралчеец, Писата, Скрковска Река, Влашки Колиби, Турски Гроб, Сува Река, Ливади и Преслап.

Во селото има маала кои носат имиња на родови. Тие се близу едно до друго и селото има збиен тип.

Историја

мини|300п|десно|Орехово во 1903 година

Најстарото споменување на селото потекнува од првата половина на век. Над селото се наоѓа возвишението Марково Кале, за кое селаните наведуваат дека порано таму се наоѓала утврдена населба. Од нејзе се познаваат остатоци на ѕидови. Недалеку се наоѓа месноста Маркова Стапалка.

Во соседното Буково постои предание дека Орехово не е многу старо село. Било основано на земја која припаѓала на Буково. Кон крајот на век, на местото на денешното село бил создаден чифлиг од некој Албанец доселен од Северна Албанија. На тој чифлиг работеле три христијански семејства. Од нив потекнуваат денешните родови Србиновци, Бубало и Туфте.

Орехово најпрвин се наоѓало на десната страна од Буковска Река, на местото наречено Магарево кое било во осој. Поради тоа, неговите жители во првата половина на век се преместиле на денешното присојно место, кое се наоѓа на левиот брег од реката. На селиштето Магарево денес се наоѓаат ниви и изворот Царев Кладенец.

Во селото во 1861 година била подигната црквата „Св. Петка“.

Од Битола преку Буково и Орехово водел стариот пат преку Злокуќани до Љубојно во Преспа. По овој пат често доаѓале албански ограбувачи од запад, поради што Орехово често пати било напаѓано.

Во близината на селото на 3 мај 1942 година бил разбиен првиот битолски партизански одред „Пелистер“. На тоа место е поставена спомен-плоча, а во селото се наоѓа и споменик.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 20,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 1.189 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 385 хектари, а на шумите 334 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Орехово живееле 260 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 237.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Орехово се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 9 куќи. Истовремено Бугарско Ореово се води како чисто македонско село во Битолската Каза со 31 куќа.Бидејќи ова издание е верен превод на оригиналот, уредникот се извинува што македонскиот народ таму е напишан како „бугарски“.

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Буково имало 240 Македонци, патријаршисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 169.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.

Селото е мало, доведено во фаза на раселување. Така, во 1961 година Орехово броело 279 жители, а во 1994 година бројот се намалил на само 39 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 селото брои 23 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите Македонци.

Родови

Орехово е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1951 година, родови во селото: Староседелци: Србиновци (12 к.), Бубало (3 к.) и Туфте (1 к.). Нивните предци живееле во месноста Магарево, по патот за накај Буково. Во родот Туфте на почетокот на живеел предокот Цветко, кој бил убиен од Албанците од околните села; Доселеници од непознато место: Амиџовци (5 к.), Димковци (3 к.), Анаќијевци (5 к.), Ѓулевци (4 к.), Јаневци (6 к.), Мажевци (5 к.), Ѓирковци (4 к.), Пановци (4 к.), Јанкуловци (4 к.), Трпевци (2 к.) и Чедевци (1 к.). Родовите Амиџовци и Димковци потекнувале од ист предок, како и родовите Анаќијевци и Ѓулевци.

Иселеништво

Се знае за следниве иселеници: Карафиловци (5 к.), живеат во Дихово, Пановци (2 к.), живеат во Оптичари, Каракотевци (1 к.), живеат во Бистрица, Маркоски (1 к.) и Неделкоски (1 к.), живеат во Кравари. Од денешниот род Чадевци'', едно семејство живее во Австралија, а од родот Туфте едно семејство заминало во Северна Америка. Иселувањето продолжило и понатаму.

Поголем број од населението (над 200 лица) се иселило во Битола, прекуокеанските земји и Европа.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешно основно училиште во селото мини|300п|десно|Куќи во селото

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Орехово било чисто македонско село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1957 до 1965 година, селото најпрвин било дел од тогашната општина Бистрица, но подоцна било припоено кон Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1957 година, селото било во рамките на тогашната општина Бистрица.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Буково, во која покрај селото Буково се наоѓале селата Бистрица, Злокуќани, Кравари, Крстоар и Орехово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Буково, во која влегувале селата Буково и Орехово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0128 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на старата зграда на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 29 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Кале или Марково Кале — утврдена населба од доцноантичкото време; и Маркова Стапалка — наоѓалиште од непознат тип и период.

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква изградена во 1861 година.

Параклиси Параклис „Св. Илија“ — мал параклис на пат кон селото.

Споменици Споменик на НОБ во селото; и Спомен-плоча на местото каде што е разбиен Битолскиот партизански одред „Пелистер“.

Редовни настани

Слави Свети Пантелејмон — селска слава; и Петковден — црковна слава.

Личности

Родени во или по потекло од Орехово Теодора Стефанова — гркоманска андартка, четничка на Георгиос Диконимос; и Тоде Кабровски (р. 1945) — македонски просветен и културно-национален деец во Австралија.

Починати во Орехово Јоска Јорданоски (1921-1942) — македонски комунист и партизан; и Ордан Михајлоски-Оцка (1921-1942) — македонски виолинист и партизан.

Поврзано Општина Битола Пелагонија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола