Снегово — раселено село во Општина Битола чиј атар се издига до сртот на Облаковска Планина, во околината на градот Битола.

Географија и местоположба Селото се наоѓа северно од градот Битола и се оди по земјен пат преку населбата Баир. Исто така, може да се стигне и преку село Крклино. Надморската висина изнесува 973 метри.

Историја Во XIX век Снегово е мало албанско село во Битолската Каза на Османлиското Царство.

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Снегово живееле 45 жители, сите Албанци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.238.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Снегово се води како чисто албанско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 7 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Албанци.

Селото е наполно иселено по 1953 година, кога броело 166 жители, сите Албанци.Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

Според пописот во 2002 селото е без жители.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X Истото е потврдено и на пописот во 2021 година.

Родови Снегово било албанско село.

Родови во селото биле: Саитлалар (3 куќи), Мустафај (4 куќи), Арифи (4 куќи) и Салиалар (1 куќа) споменатите албански родови се намножиле од три доселени куќи, домаќините се викале Ариф, Мустафа и Ибраим, доселени од селото Ќилина во Колоња (јужна Албанија). Имаат роднини во Нижеполе (Баку), во родот Мустафај се знае следното родословие: Рамуш (жив на 76 г. во 1950-тите) Демир-Мусатафа, предокот кој се доселил.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Битолски села Категорија:Села во Општина Битола

Категорија:Раселени села во Македонија