Хановер () — главен град на покраината Долна Саксонија, Германија и некогаш преку личен сојуз бил семејно седиште на хановерските кралеви на Велика Британија, под нивната титула како војводи од Брауншвајг-Линебург (подоцна наречено Изборништво Хановер). На крајот на Наполеоновите војни станал главен град на Кралството Хановер.

Покрај што е главен град на Долна Саксонија, Хановер бил главен град на административниот округ Хановер додека не биле распуштени овие административни окрузи на почетокот на 2005. Од 2001 тој е дел од регионот Хановер, кој е општинско тело создадено од поранешниот округ и градот Хановер.

Со население од 522.944 жители (1 февруари 2007) градот е главен центар на северна Германија, познат како еден од домаќините на годишните трговски саеми како што се Хановерскиот саем и CeBIT. Секоја година, Хановер е домаќин на „Шиценфест Хановер“, најголем фестивал за стрелци во светот и „Октоберфест Хановер“, кој е втор октоберфест по големина. Во 2000, Хановер бил домаќин на светскиот саем Експо 2000. Саемскиот простор во Хановер, поради бројните продолжувања, особено за Експо 2000, е најголем во светот. Хановер е исто така од национална важност, поради неговите универзитети и медицинската школа, неговиот меѓународен аеродром и неговата голема зоолошка градина. Градот е исто така важна точка како раскрсница на железничните линии и автопати, поврзувајќи ги главните европски линии во правец исток-запад (Берлин - област Рур) и правец север-југ (Хамбург - Минхен).

Историја

Хановер бил основан во средновековието на јужниот брег на реката Лајне. Неговото првично име Honovere значело „висок (речен) брег“, иако ова не е потврдено (das Hohe Ufer). Хановер бил мало рибарско село, кое станало релативно голем град во 13-от век поради неговата местоположба на природните патишта. Патувањето преку копно било релативно тешко, неговата позиција на горниот тек на реката помогнала да порасне со растечката трговија. Бил поврзан со ханзеатскиот град Бремен преку Лајна и се наоѓал близу јужниот крај на широката Северногерманска Низина и северзападно од планините Харц, па така сообраќајот исток-запад и возовите поминува оттука. Така, Хановер бил излезна порта на речните долини на Рајна, Рур и Сар, нивните индустриски зони кои се ширеле на југозапад и низинските региони на исток и север, за копнениот сообраќај поврзувајќи го Харц со долните земји и Саксонија или Тирингија.

Во 14-от век биле изградени главните цркви во Хановер, како и градскиот ѕид со три градски порти. Почетокот на индустријализацијата во Германија довела до трговија на железо и сребро од северните планини во Харц, што ја зголемило важноста на градот.

Во 1636, војводата Георг, владетел на кнежевството Каленберг на Брауншвајг-Линебург, го преместил неговото седиште во Хановер. Војводите на Брауншвајг-Линебург ги добиле титулите кнезови-изборници од светиот римски цар во 1692 и ова било потврдено од соборот во 1708. Така, кнежевството било унапредено во Изборништво Брауншвајг-Линебург, повеќе познато како Изборништво Хановер по главниот град на Каленберг (поврзано: Династија Хановер). Неговите изборници подоцна станале монарси на Велика Британија (и од 1801, на Обедонето Кралство на Велика Британија и Ирска). Првиот од нив бил Џорџ I, кој го наследил британскиот престол во 1714. Последниот британски монарх кој владеел во Хановер бил Вилијам IV: Салиски закон, кој барал наследување по машка линија, ѝ забранил пристап на кралицата Викторија во Хановер. Како наследник по машка линија на Џорџ I, Кралицата Викторија самата била член на Династијата Хановер. Меѓутоа, нејзините наследници го понеле титуларното име на нејзиниот маж во Саксо-Кобург-Гота. Три крала на Велика Британија, или Обедонетото Кралство, во исто време биле кнезови-изборници на Хановер.

Во текот на времето на личниот сојуз на круните на Велика Британија и Хановер (1714–1837), монарсите ретко го посетувале градот. Всушност, во текот на царувањето на последните три заеднички владетели (1760–1837), имало само една краткa посета, од Џорџ IV во 1821. Од 1816 до 1837, претставник на круната во Хановер бил принцот Адолф.

Во текот на Седумгодишната војна, Битката кај Хастенбек се случила на 26 јули 1757, близу градот. Француската армија ја поразила хановерската армија, водејќи до окупација на градот. Бил повратен од англо-германските сили предводени од војводата Фердинанд од Брауншвајг следната година.

19. век thumb|Улицата „Георгштрасе“ и операта во 1895. thumb|right|Замок Херенхаузен, 1895. Откако Наполеон ја наметнал конвенцијата од Артленбург (Конвенција на Елба) на 5 јули 1803, околу 30.000 француски војници го окупирале Хановер. Конвенцијата, исто така, значела распуштање на армијата на Хановер. Џорџ III не ја признал Конвенцијата на Елба. Како последица на ова, голем број на војници од Хановер всушност емигрирале во Велика Британија, што довело до создавање на кралската германска легија, која била единствената германска армија, која да се борела во сите Наполеонови војни против Французите. Подоцна, тие играле важна улога во Битката кај Ватерло во 1815. Виенскиот конгрес во 1815 го унапредил изборништвото во Кралство Хановер. Главниот град Хановер бил проширен на западниот брег на Лајне и оттогаш се зголемил значително.

Во 1837, личниот сојуз на Велика Британија и Хановер завршил кога наследникот на Вилијам IV во Обединетото Кралство било женско (Кралица Викторија). Според Салискиот закон, Хановер можел да биде наследен само од страна на мажи. Како последица на ова, Хановер преминал на братот на Вилијам IV, Ернст Август и останал кралство до 1866, кога бил припоен од Прусија во текот на Австриско-пруската војна. И покрај поразот на Прусија во Битката кај Лангензалца, градот Хановер станал пруски провинциски главен град. По припојувањето, граѓаните на Хановер се спротивставиле на прускиот режим.

Меѓутоа, за хановерската индустрија, новата врска со Прусија означило унапредување на бизнисот. Воведувањето на слободната трговија го засилил економскиот раст и исто така довел до обнова на Gründerzeit (ера на основачите). Во периодот од 1871 до 1912, населението на Хановер се зголемило од 87.600 на 313.400.

Во 1872, првиот коњски трамвај бил пуштен во употреба, а од 1893 функционира и електричниот трамвај.

Во 1887, Емил Берлинер ги измислил грамофонот и грамофонската плоча.

Порастот на Хановер започнал со ерата на урбаниот директор Хајнрих Трам. Од 1891–1918 тој бил директор на градот Хановер и суштински го променил изгледот на градот до крајот на векот („Tramm Era“). Големиот плоштад пред Новото градско собрание, Trammplatz, е именуван во негова чест.

Градот бил проширен во 1869, и повторно во 1882 со додавање на Кенигсвортер Плац и Велфенгартен. Во 1891, општините Херенхаузен, Хајнхолц, Фаренвалд биле додадени. Во 1907, општините Штекен, Гутсбецирк Мекленхајде, Ботфелд, Клајн-Буххолц, Грос-Буххолц, Кирхроде, Дерен и Вилфел биле припоени кон Хановер.

thumb|left|Споменик за синагогата во Хановер.

Нацистичка Германија Од 1937 година, градоначалникот и покраинските комисионери на Хановер биле членови на NSDAP (Нацистичка партија). Како насекаде во Германија, постоело еврејско население во Хановер. Во октомври 1938, 484 хановерски Евреи од полско потекло биле протерани во Полска, вклучувајќи го и семејството Гринспан, но Полска одбила да ги прифати. Гринспанови и илјадници други полски депортирани Евреи биле заробени на границата, хранети единствено со прекини од полскиот Црвен Крст и еврејски добротворни организации. Нивниот син Хершел Гринспан бил во Париз во тоа време. Кога слушнал за протерувањето на неговото семејство во Полска, заминал во германската амбасада и го убил германскиот дипломат Едуард Ернст фом Рат.

Нацистите го искористиле овој чин како етапа во националниот погром, познат како Кристална ноќ. Тоа било во Хановер на 9 ноември 1938, кога синагогата, проектирана во 1870 од Едвин Оплер во неоромантичен стил, била запалена од нацистите.

Во септември 1941, преку планот „Акција Лаутербахер“, започнала гетоизација на преостанатите хановерски еврејски семејства. Дури и пред Ванзејската конференција, на 15 декември 1941, првите Евреи од Хановер биле депортирани во Рига. Вкупно 2.400 луѓе биле депортирани, а многу малку преживеале. Од околу 4.800 Евреи, кои живееле во Хановер во 1938, помалку од 100 биле сè уште во градот, кога пристигнале трупите на американската армија на 10 април 1945 за да го окупираат Хановер на крајот на војната. Денес, споменикот на Оперскиот плоштад е потсетник на прогонот на Евреите од Хановер.

По војната, голема група на преживеани ортодоксни Евреи од блискиот концентрационен камп Берген-Белзен се населиле во Хановер. Заедницата на ортодоксните Евреи била водена од рабинот Шаим Пинкос Љубински кој бил помогнат во овој процес од рабинот Шломо Зев Цвајгенхафт. По заминувањето на рабинот Љубински во 1949, рабинот Цвајгенхафт бил назначен на позицијата главен рабин на Хановер. Кратко потоа, рабинот Цвајгенхафт бил назначен за главен рабин на целата Долна Саксонија, позиција која ја држел до неговото заминување во 1951. Заедницата ги направила сите обиди да го убедат рабинот да остане, дури нудејќи ми да ги покриваат неговите трошоци за патувањата од Швајцарија. Рабинот Цвајгенхафт го одбил предлогот и како резултат на немањето водач на заедницата, таа брзо започнала да се губи и кратко потоа целосно престанала да постои. И двајцата рабини, Љубински и Цвајгенхафт се населиле во САД.

Втора светска војна

thumb|Aegidienkirche не била обновена и нејзините руини ги држат спомените за Втората светска војна.

Хановер била важна раскрсница на патниот и железничкиот сообраќај и производствен центар, па затоа бил цел за време на стратешкото бомбардирање во текот на Втората светска војна, вклучувајќи ја нафтената кампања. Целите биле AFA (Штекен), рафинеријата Дојраг-Нераг (Мисбург), фабриката Continental (Фаренвалд), преработувачката индустрија (VLW) во Риклинген и Лацен и во Линден, фабриката за преработка на гума во Лимер, фабриката Hanomag и NMH. Присилните работници биле користени од подкампот Хановер-Мисбург на концентрациониот камп Нојенгаме. Станбените области, исто така, биле цел на напади и повеќе од 6.000 луѓе биле убиени во сојузничкото бомбардирање. Повеќе од 90% од центарот на градот бил уништен во 88 бомбашки напади. По војната, Aegidienkirche не била обновена и нејзините урнатини се зачувани како потсетник од војната.

Сојузничките трупи стигнале во Хановер во април 1945. Американската 84-та пешадиска дивизија го окупирала градот на 10 април 1945.Stanton, Shelby, World War II Order of Battle: An Encyclopedic Reference to U.S. Army Ground Forces from Battalion through Division, 1939-1946 (Revised Edition, 2006), Stackpole Books, p. 156.

Хановер бил во британската окупациска зона на Германија по војната и станал дел од новата покраина (Land) Долна Саксонија во 1946.

Денес, градот Хановер е вице-претседавачки град на „Градоначалници за мир“, меѓународна организација која организира градови и граѓани низ целиот свет, со цел да се укине и елиминира јадреното оружје до 2020 година.

Географија

Положба

thumb|Хановер и околината

Хановер се наоѓа во долината на Лајне на преминот помеѓу долносаксонските ридови и Северногерманската Низина. Во југозападниот дел на градот се наоѓаат почетоците на Везерските висорамнини со плодна обработлива почва, додека на север градот се граночи со песочни и мочурливи области.

Положбата со неговите физички и географски услови на Хановер му нуди поволни можности за развој од средновековно село до голем град. Во средниот век поминувал значајниот трговски пат Север-Југ, кој минувал низ долината на реката Лајне. Во 19-от век железничката пруга го следела овој пат и со изградба на Средногерманскиот Канал како поврзување Исток-Запад во 20-от век Хановер станал раскрсница на овие значајни сообраќајни траси. Истото важи и за автопатскиот сообраќај со пресекот на A2 и A7 во близина на Хановер.