Кање (англиски и цвана: Kanye) — град во Боцвана. Кање е административен центар на Јужниот округ и истиот е најстар поголем населен центар во Боцвана, кој бил основан во 1853 година. Се наоѓа во планинските предели на Јужна Боцвана, над надморска височина од околу 1300 метри, во близина на главниот град Габороне и градот Лобаце.
Градот е дом на народот Бангвакеце и истиот е татковина на ова боцванско племе. На почетокот на 19. век, во околината на градот постоела т.н. држава „Бангвакеце“, под чија заштита биле луѓето од племето Баролонг, кои беале од прогонувањето на Бурите. Во него, исто така, е роден вториот претседател на Боцвана, Квет Масире.
Во периодот од 2003 до 2005 година, во Кање е снимен 80-минутен документарен филм за кралското семејство Бангвакеце, насловен „Дворот на кралицата“.Filmografie, Eva Heldmann
Наводи
Поврзано Боцвана Јужен округ
Категорија:Градови во Боцвана