Димитар Жостов — македонски револуционер, бугарски офицер и политичар. Животопис Жостов е роден во неврокопското село Гајтаниново во 1868 година. Син е на Андон Жостов и брат на Константин Жостов и Спас Жостов. Завршува во Солунската машка гимназија, а во 1890 година завршува Военото училиште во Софија, Бугарија. Влегува во редовите на Македонскиот комитет. Учествува во Мелничкото востание како раководител на една од четите.

Во 1897 година завршува право во Софиската високо училиште и станува воен обвинител.

Зема учество во Првата балканска војна како офицер, а во Првата светска војна е началник на воениот суд на Втора армија. По војната излегува во резервите офицери. Станува пратеник во 23 - то Бугарско Народно собрание од македонската парламентарна група, како претставник на Неврокопско. Член-основач на Македонскиот научен институт Македонски научен институт. УчредителиЕнциклопедия Пирински край, Благоевград, 1995, стр. 339..

Извори

Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Бугарски офицери од Македонија Категорија:Македонци од Балканските војни Категорија:Македонци од Првата светска војна Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Членови на Македонскиот научен институт Категорија:Втора генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија Категорија:Учесници во Мелничкото востание