Павле Тивејски (228-341) е христијански светец.

Роден e од богати родители во долна Тива (Теба) Мисирска за време на царот Декиј. Целиот родителски имот го наследил Павле со една своја сестра. Но неговиот зет, кој бил идолопоклоник, посакал и делот од имотот на Павле да го заграби, па му се заканил дека ќе го издаде на судот како христијанин, ако не му го отстапи својот имот. По ова Павле заминал во пустина, препуштувајќи го целиот имот на својот зет, каде се џадржал до својата смрт.

до каква духовна височина достигнал овој монах, сведочи Антониј Велики, кој еднаш го посетил Павле и го видел како ѕверовите и птиците небесни му служат. Враќајќи се од таа посета Антониј им рекол на своите монаси: “Тешко мене, деца мои, на грешниот и лажниот монах што сум самомонах по име. Го видов Илија, го видов Јована во пустината и навистина го видов Павлета − во Рајот!”„Охридски пролог“ стр. 18.

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 15 јануари.

Наводи

Категорија:Египетски светци Категорија:Египетски римокатолички светци Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Преподобни Категорија:Православни светци Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Починати во 341 година