Новаќе — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новаќе живееле 175 жители, од кои 135 Албанци и 40 Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Новаќе имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brankoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 122-123.
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 22 куќи со 117 жители, Албанци и Македонци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 304 жители, сите Албанци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 167 Албанци и 7 лица без податоци.
Родови
Новаќе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Дервишовци (3 к.) најстар род во селото. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен. Они се албанизирани Горанци. Коматникоски (1 к.) доселени се од селото Јеловјане. Подалечно потекло од селото Рестелица во Гора. Они се албанизирани Горанци. Десовци (1 к.) доселени се од селото Ново Село. Таму припаѓале на истоимениот голем род. Подалечно потекло од некое село во Гора. Они се албанизирани Горанци. Беќировци (9 к.), Изероски (7 к.) и Абдиоски (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Таироски (2 к.) доселени се од селото Калиште. Анче (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Камењане.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2064 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 353 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво Стари македонски православни иселеници има во Тетово. Таму се иселени. Србиновци, Аврамовци, Мишковци, Димовци, Никодиновци, Ѓоровци, Атанасовци, Велјановци и Дамјановци. Цветковци се иселиле во Долно Седларце.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Боговиње