Синичане — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 12 километри јужно од Тетово. Селото речиси целосно е споено со соседните села Камењане на север и општинскиот центар Боговиње на југ. Се наоѓа на надморска височина од 650 метри. Атарот е мошне мал и зафаќа простор од 2,6 км2. На него преовладува обработливо земјиште на површина од 149 ха, па затоа селото има полјоделска функција.Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.271

Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 52 христијански семејства и 2 неженети христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.360

Стопанство

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Синичане живееле 220 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Синичане — село во Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и има 68 куќи со 395 жители, Албанци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 22.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.

Според пописот од 2002 селото брои 1.472 жители, од кои 1.469 Албанци и 3 останати.Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.205 жители, од кои 1.155 Албанци и 50 лица без податоци.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2050 и 2050/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.327 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Боговиње