Радиовце — село во Општина Брвеница, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Потекло и значење на селото

лево|мини|300п|Воздушен поглед на селото

Името на селото како Радиовце првпат е споменато во турски документи од век (1568/69 г.). Името на селото се поврзува со личното име Радија/Радослав/Радислав. Понекогаш името се споменува и како Радиовци.

Постои и приказна за добивањето на името на селото: Имено додека не било населено местото, на самото место имало големи пасишта и најчесто доаѓале овчари од околните места. Меѓу нив дошол еден овчар кој си направил скромен дом на пасиштето и тука престојувал и во зима и во лето. Тоа било малку чудно за жителите на околните места па често го прашувале зошто седи тука кога нема никој друг. Овчарот едноставно одговарал: „Ради овце“ (поради овците - на тетовски дијалект). Така останало името за неселеното место кое малку подоцна се развило.Апостол Поп-Јовановски, „Македонски народни легенди“, стр. 31 Според некоја друга легенда која е помалку веројатна, се смета дека луѓето се населиле од планините поради „рад и овце“, односно работа и овци.

Луѓето од Радиовце се попознати како „ракари“, поради тоа што порано во тој дел на Вардар имало изобилство на речни ракови, кои сега за жал се целосно истребени.

Географија и местоположба

десно|мини|300п|Возвишението Горица во близина на селото

Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во источниот дел на територијата на Општина Брвеница, недалеку од патот Тетово-Гостивар. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 460 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 14 километри.

Низ самото село поминува регионалниот пат 2233, кој е еден од регионалните патишта кои ги спојуваат градовите Тетово и Гостивар, со што селото има добра сообраќајна поврзаност.

Селото се наоѓа во рамница близу реката Вардар. Во минатото, водата за пиење се добивала од пумпи и бунари, кои биле длабоки 6 до 8 метри. На атарот на селото избиваат изворите Драгош, Тапанец, Црни Поток и Тумби. Покрај Вардар, во близина на селото се влива Боговињска Река во реката Вардар.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Црквиште, Прајца, Тапанец, Црни Поток, Требаци, Чешма, Рупје, Косовчица, Караџица, Муратица, Плавејнци и Преку Река. На десниот брег од реката Вардар се наоѓа возвишението Горица.

Селото има збиен тип и е поделено на Горно и Долно Маало. Маалата се одвоени едно од друго со Сретсело. Според истражувањето на Јован Трифуноски во 1947 година, Горното Маало е македонско, додека Долното Маало е со мешано население, албанско и македонско.

Историја

Во 1308 година, во Полог се спомнува село Радеево, кое му било приложено на Горњанскиот манастир „Св. Никита“ кај Скопје. Пред тоа селото било во сопственост на владетелот Вратислав. Извесно е дека спомнувањето на Радеево се однесува на денешното Радиовце, бидејќи село со слично име во Полог не постои. Второто спомнување на Радиовце е во 1461 или во 1462 година, кога во една пресуда на тетовскиот кадија се спомнува Турчинот Имер бин Илијаз од Радиовце.

Самите жители сметаат дека селото е старо колку и соседното Тумчевиште. Јужно покрај селото се наоѓа месноста Црквиште, каде некогаш имало црква, но нема поголеми остатоци. Сегашната црква „Св. Атанасиј“ се наоѓа во центарот на селото. Таа изградена во 1917 година, на местото каде некогаш имало помала стара црква.

Во турско време, Радиовце било чифлигарско село. Последни сопственици на чифлигот биле Емрула-ага од Тетово и Алил-ага и Вели-ага од Гостивар. Тие во чифлиците држеле субаши, кои биле нивни застапници, го набљудувале работењето на селаните и активно учествувале во распределбата на производите. По кажување, околу 1902 година во селото имало околу 20 македонски куќи, а селаните биле чифлигари. До 1912 година со помош на купување на земјата, селаните се ослободиле од чифлигот.

Во селото постои споменик на НОБ, кој се наоѓа во дворот на некогашната тетовска фабрика ШИК „Јелак“, која имала своја подружница во селото.

Стопанство

мини|300п|десно|Браната на реката Вардар кај селото, како дел од хидросистемот Радиовце-Бистрица

Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 3,6 километри квадратни. На него преовладуваат обработливите површини со 267 хектари, поради што селото има полјоделска функција. Во мал размер во селото е застапен речниот риболов на двете реки.

Во селото има услужни објекти. Во 1980-тите во селото се изградила фабрика наречена „Корпара“, во која се плетеле кошници и мебел од прачки. Подоцна, прераснала во мала фабрика за мебел, но повеќе не работи. Во поново време, во селото работат повеќе продавници и мали претпријатија, бензинска пумпа, земјоделска аптека и повеќе угостителски објекти.

Поради двете реки кои поминуваат кај селото, почвата е доста плодна и погодна за поголем број култури како што се: пченка, пченица, познатиот тетовски грав, репка, ’рж, пиперка и други градинарски и овоштарски култури. Возвишението Горица е важен извор на огревен материјал и извор за дрвен материјал користен во месните фабрики.

Населението е претежно вработено во Тетово, а остатокот по околните села.

Население

Во османските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Калканделен од 1626-1627 година селото е одбележано под името Радиовче со 46 џизие ханиња (домаќинства).Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Радиовце живееле 150 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 212.

Целото христијанско население во селото било под влијание на Бугарската егзархија во одреден период. Според податоци на секретарот на егзархијата Димитар Мишев (“La Macédoine et sa Population Chrétienne”) во 1905 година во Радиовце има 200 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macйdoine et sa Population Chrйtienne". Paris, 1905, р.122-123.

По Балканските војни е забележано со 280 жители.

Според Афанасиј Селишчев (“Полог и его болгарское население”) во 1929 година Радковце — село во Брвеничката општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез имало 47 куќи со 345 жители Албанци, но на приложената етничка карта Радиовце е забележано како мешано село.[Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци и 100 Албанци.

Во 1961 година, селото имало 599 жители, од кои 327 биле Македонци, 246 Албанци и 12 жители Срби. Во 1994 година, бројот на населението двојно се зголемил, односно селото имало 1.026 жители, од кои 346 биле Македонци, а 678 Албанци.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Радиовце, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.

Според пописот од 2002 година, селото имало 1.049 жители, од кои 346 Македонци, 691 Албанец, 3 Срби и 9 останати.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 885 жители, од кои 330 Македонци, 541 Албанец и 14 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Радиовце:

ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиСрбиВкупно1948———————46119533371970000—53419613272460—224—599197129930816502—63019812845350024—8251991356320830—39919943466780020—1.02620023466910039—1.0492021330541000014885 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

мини|300п|десно|Традиционална женска народна носија во селото

Радиовце е мешано македонско-албанско село, сите родови во селото се доселенички.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: Македонски родови: Стојковци или Шукаловци (3 к.), најстар род во селото, доселени се од некое село во Охридско. Се доселил предокот Богоја. Од овој род во првата половина на XIX век живеел некој Стојко, кој се занимавал со обработка на живопис; Џукљевци (4 к.), доселени се од Крушевско околу 1810-тите. Го знаат следното родословие: Славе (жив, 40 години во 1947 г.)-Спиро-Стојче-Стојан-Нестор, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Скопје (1 к.); Бибовци или Тумановци (3 к.), и тие се доселени од Крушевско и се роднини со Џукљевци. Дошле во исто време како нив, а нивните предци биле калајџии; Аврамовци или Кукушовци (4 к.), потекнуваат од предокот Ристо, кој се доселил од сега албанското село Лисец во 1840-тите. Го знаат следното родословие: Ѓуре (жив, 43 години во 1946 г.)-Никола-Аврам-Ристо, кој се доселил. Кога се доселиле биле доста сиромашни, живееле во колиби и ги чувале селските говеда. Подоцна купиле своја земја; Гушав-Ѓоргијовци (4 к.), се сметаат за постари доселеници, доселени се од селото Тумчевиште; Митревци (2 к.), рано се доселени од некаде; Тагајовци (3 к.), доселени се од селото Туденце во век. Едно нивно семејство се иселило во Брвеница; Кастревци (3 к.), доселени се од некое село во Прилепско. Потекнуваат од предокот Кастрет, кој се доселил во век; Шекериловци (5 к.), доселени се од селото Лисец во исто време како и Аврамовци, со кои биле еден род во Лисец; Катрановци (1 к.), се доселиле во турско време од Милетино, а подалечно потекло имаат од некое друго полошко село. Едно нивно семејство се иселило во Белград; Танушовци (4 к.), доселени се од историското село Горно Фалише. Во Радиовце дошле во 1870 година, кога во нивното село започнал да владее зулум. Стеван, нивниот предок, со себе го донел крстот на горнофалишката црква, кој сега се чува во црквата во Радиовце; Кумановци (1 к.), доселени се од селото Жеровјане, а таму се доселени од околината на Куманово. Едно нивно семејство живее во Тетово; Николовци (1 к.), доселени се во 1916 година од селото Стеблево, Голо Брдо; Тантевци (4 к.), најпрво живееле во селото Тумчевиште, од каде се иселиле во Милетино, па од таму во Радиовце. Нивниот основач се викал Марко; Шаневци (1 к.), доселени се од селото Жеровјане, а нивниот предок се викал Томе; Ќировци (1 к.), и тие се доселени од селото Жеровјане, а прв дошол предокот Максим. Имаат иселеници во Пожаране (1 к.) и во Романија (1 к.); Бошковци или Добревци (1 к.), потекнуваат од предокот Добре, кој се доселил со синот Душан. И тие се доселени од селото Жеровјане. Две нивни семејства отишле во Тетово; Мефтаровци (2 к.), доселени се од селото Милетино. Дошол Мефтар како домазет, а подалечно потекло имаат од некое друго полошко село; Грнчаровци (1 к.), доселени се од селото Челопек, во Челопек се доселени од селото Блаце. Основачот на овој род дошол како домазет од Челопек, каде бил дел од тамошниот род и Галичани (1 к.), доселени се 1943 година од Галичник, на земја која ја купиле уште од турско време. Албански родови: Суљои (1 к.), доселени се од селото Корито, каде имаат роднини. Таму се доселени од историското село Реч во Горна Река; Салијини (9 к.), исто потекло како и родот Суљои, најпрво живееле во Горна Река, па во Корито, и на крај во Радиовце; Османои (8 куќи), исто потекло како и претходните два рода. Со Суљои и Салијини биле еден род во Горна Река, Суљои се доселени на почетокот на XX век, Салијини после 1912 година, а Османови во првата половина на XIX век; Реканци (2 к.), дошле од селото Рибница во Горна Река. Во селото дошле по претходните родови и Беџетој (4 к.), доселени се од селото Челопек во 1920-тите.

Од 1980-тите години, во селото имало масовни доселувања: од Порече дошле 30 семејства на црковното место „Ваков“, а од 2000 година наваму почнуваат да се населуваат и албански семејства од сувогорските планински села Гургурница и Корито.

Иселеништво