Мајкл Карик (роден на 28 јули 1981 година) — поранешен англиски фудбалер, играч од средниот ред.
Карик ја започнал својата кариера во Вест Хем Јунајтед, откако се приклучил на младинскиот состав во 1997 година и го освои младинскиот ФА куп две години подоцна. Тој бил испратен на позајмица двапати за време на неговата деби сезона со првиот тим, најпрво во Свиндон Таун, а потоа и во Бирмингем Сити, пред да заработи место во почетната постава на Вест Хем во сезоната 2000-2001. Откако со својот тим испаднал од Премиер лигата во сезоната 2002-2003, бил избран во најдобриот тим на годината во Првата дивизија следната сезона. Тој направил повеќе од 150 настапи за чеканите, за во 2004 година, да се пресели во градскиот соперник Тотенхем Хотспар за сума која се верува дека изнесувала 3,5 милиони £. Тој бил редовен стартер во текот на неговиот престој во Спарс, постигнувајќи два гола во 75 настапи, пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во 2006 година за 18.000.000 £.
Од своето деби па натаму тој е постојано присутен во првиот тим на Манчестер Јунајтед, правејќи повеќе од 50 настапи за клубот во својата прва сезона. Набргу се наметнал како клучен член на тимот кој ја освоил Премиер лигата во сезоната 2006-07, нивната прва титула по четири години пауза. Следната сезона како дел од тимот придонел за освојувањето на Лигата на шмпионите, играјќи ги сите 120 минути во финалето, и бил прецизен од белата точка во втората серија при победа на пенали со 6-5. Во кампањата 2008-2009 освоил уште една титула во Премиер лигата, но на патот кон одбраната на титулата во Лигата на шампионите во финалето биле сопрени од Барселона. Во 2009 година, за првпат во кариерата го освоил Лига купот, со победата над неговиот поранешен клуб Тотенхем. Подоцна, освоил уште две титули во Премиер лигата во сезоните 2010-2011 и 2012-2013.
Карик ја претставувал својата земја во селекциите под 18 години и под 21 година, пред да дебитира за сениорската репрезентација во 2001 година и оттогаш направил 33 настапи без гол. Карик често бил занемаруван во англиската репрезентација, за сметка на Стивен Џерард, Френк Лампард и Гарет Бари кој најчесто биле користени на неговата позиција. Сепак, бил повикан за два големи турнири, Светското првенство 2006 и Светското првенство 2010, но го пропуштил Светското првенство 2014 заради повреда.
Технички одлики Внатрешен играч од средниот ред чии особени одлики во играта се доброто разигрување на топката во средината на теренот, одличните изведувачки додавања кон напаѓачите, одзимањето на топката од противниците и добрата игра со глава. Исто така, тој е играч кој може да го диктира темпото на игра на својата екипа, нешто што одлично го научил од Пол Сколс во времето кога му бил партнер во средината на теренот.
По доаѓањето во Манчестер Јунајтед со текот на годините, повремено бил користен и во центарот на одбраната од страна на својте менаџери Сер Алекс Фергусон, Дејвид Мојс и Луј ван Гаал, кога им недостасувале стандарните првотимци.
Клупска кариера Вест Хем Јунајтед Карик му се приклучил на младинскиот состав на Вест Хем Јунајтед во 1997 година и бил член на тимот кој го освоил младинскиот ФА куп во сезоната 1998-1999.The East End's bright young things Во финалниот двомеч Вест Хем го победил Ковентри Сити со вкупен резултат 9-0, а Карик постигнал два гола. Според менаџерот на првиот тим на Вест Хем, Хари Реднап, Карик имал тежок почеток на својата професионална кариера во клубот од психолошки причини и загубил речиси две сезони заради повреди. Сепак, тој го направил своето деби за клубот на 24 јули 1999, на гостувањето кај финскиот Јокерит во натпревар од Интертото купот, кој завршил нерешено 1-1. Пет недели подоцна дебитирал во првенствен натпревар, влегувајќи од клупатa за резерви на местото на Рио Фердинанд во победата со 3-0 над Брадфорд Сити.Statistika te informacije igrača na web stranici navijača Man Uniteda Во ноември 1999 Карик бил испратен на едномесечна позајмица во Свиндон Таун и го одиграл првиот натпревар за нив на домашен терен против Норич Сити (0-0).Swindon Town 0–0 Norwich City Својот прв професионален гол во кариерата го постигнал на 23 ноември 1999 во поразот на домашен терен од Чарлтон Атлетик со 1-2.Last Time Out Тој постигнал уште еден гол за време на неговиот заем во Свиндон, во ремито 1-1 на домашен терен против Волсал на 4 декември. Иако тој импресионирал за време на својот престој во клубот, сепак, не можел да му помогне на тимот да дојде до многу потребната победа во неговите 6 настапи, па така набргу тој го одиграл својот последен натпревар за нив, во поразот со 3-0 од Манчестер Сити на 18 декември. Во февруари 2000 Карик по вторпат бил испратен на позајмица, овојпат во Бирмингем Сити за кој настапил само на два натпревари.Games played by Michael Carrick in 1999/2000 Откако заемот во Бирмингем истекол, Карик се вратил на Аптон Парк и го постигнал својот прв гол за Вест Хем на 22 април, погодувајќи ја мрежата на Ковентри Сити за водство од 1-0, во победата со 5-0. Својата прва сезона ја завршил со 8 настапи (сите во лигата) и еден постигнат гол, а бил избран и за клупски млад играч на годината.
Карик го направил својот пробив во стандарден првотимец на Вест Хем во сезоната 2000-2001, играќи вкупно во 41 натпревар во сите конкуренции од кои 33 настапи биле во лигата. Неговиот единствен погодок во сезоната дошол во ремито 1-1 против Астон Вила на домашен терен на 9 декември 2000 година. Како резултат на неговиот напредок му бил понуден нов, подобрен договор кој ќе го задржел на Аптон Парк до 2005 година. На 20 април 2001 година, тој бил номиниран за ПФА млад играч на годината заедно со тимскиот колега Џо Кол, но наградата на крајот завршила во рацете на играчот од средниот ред на Ливерпул, Стивен Џерард на 29 април. За втора последователна сезона Карик бил изгласан за најдобар млад играч на Вест Хем за годината.
Следната сезона Карик направил 32 настапи за чеканите и постигнал два гола; неговиот прв гол бил единствениот на Вест Хем во срамниот пораз со 7-1 од Блекбурн Роверс на 14 октомври, а подоцна тој го постигнал првиот гол во победата со 2-1 над граските соперниците Челзи, десет дена подоцна. Кон крајот на сезоната, ја обновил повредата на препоните која мачела и претходно, поради што морал да го пропушти Светското првенство 2002 со англиската репрезентација.
Сезоната 2002-03 за Карик била една од оние за заборав, откако Вест Хем испаднале од Премиер лигата по завршувањето на кампањата. Наместо да го напушти клубот како неговите соиграчи Џо Кол, Фредерик Кануте и Џермејн Дифо, Карик останал верен на Вест Хем и продолжил да игра за клубот и во Првата дивизија.
За време на сезоната 2003-04, Вест Хем го освоил четвртото место во последното коло од сезоната и обезбедил место во плеј-офите. Сепак, тие загубиле во финалниот натпревар од Кристал Палас со 1-0 и не успеале да се вратат во највиокиот ранг на натпреварување. Карик бил вклучен во ‘’ПФА Тимот на Првата дивизија за сезоната’’.
Тотенхем По една сезона вон Премиер лигата, Карик се почувствувал присилен да ја напушти Првата дивизија, велејќи: "Вистината е дека јас не чувствувам дека можам да играм во Првата дивизија уште долго". Тој бил поврзуван со голем број на клубови од Премиер лигата како Портсмут, Арсенал, Евертон, Вест Бромвич Албион и Кристал Палас пред Тотенхем да се појави како главен фаворит за доведување на младиот играч од средниот ред. На 20 август, договорот помеѓу Вест Хем и Тотенхем за трансферот на Карик бил склучен и тој требало да му се приклучи на клубот штом ќе биде подлежен на лекарски прегледи. Четири дена подоцна, трансферот бил официјализиран и Карик го комплетирал својот трансфер за сума од околу 3,5 милиони фунти, откако ги поминал медицинските тестови. Тој постигнал гол во настапот за резервите на Тотенхем, но неговото деби за првиот тим било одложено откако претрпел повреда на 14 септември. Откако му бил доделен дресот со број 23., Карик го направил своето деби за Тотенхем на 18 октомври, влегувајќи како замена во поразот со 1-0 од Портсмут.
И покрај тоа што бил здрав и подготвен за игра, тој често бил занемаруван од страна на тогашниот менаџер Жак Сантини. Останало нејасно дали Сантини навистина сакал да го доведе Карик, по многуте шпекулации во медиумите дека тој бил купен од страна на спортскиот директор на Тотенхем Френк Арнесен, отколку од Сантини. Сепак, по заминувањето на Сантини и назначувањето на новиот менаџер Мартин Јол, тој наскоро станал редовен стартер во средниот ред. Неговиот прв целосен натпревар за Тотенхем бил воедно и првиот натпревар на Јол на чело на клубот, гостувањето на Барнли во Лига купот на 9 ноември. Во текот на натпреварот, Карик асистирал за првиот од двата гола на Роби Кин во победата со 3-0. Карик ја завршил сезоната 2004-05 со 29 првенствени настапи без постигнат гол, додека Тотенхем заврил на 9. место на табелата и не успеал да се избори за место во Купот на УЕФА за следната сезона.
На 3 декември 2005 година, Карик го постигнал својот прв гол за Тотенхем и тоа победничкиот во успехот со 3-2 против Сандерленд. Својот втор гол за клубот го постигнал на 8 април 2006, во победа на домашен терен над Манчестер Сити со 2-1. На 22 април, бил пофален за својот настап кој му помогнал на Тотенхем да извлече бод (1-1) на гостувањето кај Арсенал во Северно-лондонското дерби. На 7 мај, Карик бил еден од 10-те играчи на Тотенхем кои се разболеле во хотелот пред нивниот последен натпревар од сезоната гостувањето кај Вест Хем, кога најверојатно играчите добиле труење со храна. Тој успеал да биде оспособен за игра, но само 63 минути во поразот со 2-1 од својот поранешен клуб. Како резултат на овој пораз нивниот соперник Арсенал излегол како победник во трката за четвртото место на првенствената табела кое носи пласман во Лигата на шампионите. Тој направил повеќе нафрлувања и додавања од било кој друг играч на Тотенхем за време на сезоната 2005-2006, и заедно со Мидо бил на делба на првото место по бројот на асистенции.
Манчестер Јунајтед thumb|upright|Карик во Манчестер Јунајтед во 2006. На 10 јуни, Тотенхем одбиле понуда на Манчестер Јунајтед за Мајкл Карик, кој бил забележан од страна на нивниот менаџер Сер Алекс Фергусон како замена за поранешниот капитен, Рој Кин кој една сезона претходно го напуштил клубот. Следниот ден, менаџерот на Тотенхем, Мартин Јол инсистирал на тоа дека Карик ќе остане во клубот, наведувајќи: "Јас не сакам да се загубам играч како Мајкл, кој веројатно беше нашиот најдобар играч од средниот ред во минатата сезона" Сепак на 28 јули, Тотенхем објавиле дека клубовите постигнале договор за трансфер на Карик во Манчестер Јунајтед. Три дена подоцна, трансферот и официјално бил потврден откако биле договорени личните услови со Керик. И покрај постигнатиот договор за трансфер на играчот од претходната недела - надоместот не бил објавен, сè додека Тотенхем не издал соопштение до берзата. Главниот извршен директор на Манчестер Јунајтед Дејвид Гил потврдил дека вредноста на трансфер изнесувала 14 милиони фунти, што потенцијално може да се зголеми на 18,6 милиони фунти, што го прави Карик шестиот најскапо платен играч од Манчестер Јунајтед во историјата на клубот. Веднаш по потпишувањето на договорот бил претставен на навивачите со дресот со број 16., кој претходно го носел токму Рој Кин.