Ниски (, ; ) — мал град во историската област Горна Лужица, во источниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија. Има население од околу 11.000 жители и е дел од округот Герлиц.

Градот бил основан во 1742 од бохемиски доселеници. Како членови на Моравската црква, тие избегале од прогоните во нивната католичка татковина. Името Ниски е германизирана верзија на чешкиот збор nízka („низок“). Во 1776, на возраст од 12 години, Бенџамин Хенри Латроб, идниот проектант на американскиот Капитол, како и на Балтиморската базилика, бил испратен во моравското училиште во Ниски.

Во 1926, архитектот Конрад Ваксман работел во градежната фирма Christoph & Unmack AG.

Населени места во рамките на градот се Нојхоф, Нојсерхен, Ноједерниц, Едерниц, Зе, Цехе-Мохолц, Козел, Цедлиг и Зандшенке.

Збратимен град

Ниски е збратимен со францускиот град Албер.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Герлиц (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица Категорија:Шлеска (покраина) Категорија:Долна Шлеска (покраина) Категорија:Германска Шлеска Категорија:Населени места основани во 1742 година