Градец — село во Општина Валандово, во околината на градот Валандово.

Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите биле иселени во соседното село Удово во 1960-тите години, но бидејќи изградбата на браната и хидроцентралата никогаш не се случила, во поново време во него повторно се забележани жители.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото со поглед на регионалниот пат 1102 низ него

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Валандово, во Демиркаписката Клисура, на левиот брег на реката Вардар. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри.

Низ селото поминува регионалниот пат 1102, кој го поврзува Скопје со Гевгелија, и пред изградбата на автопатската делница Демир Капија-Смоквица претставувал дел од европскиот коридор Е75.

Тоа е сместено во подножјето на Градешка Планина, а низ него поминува Градечка Река, чиј влив во Вардар е во самото село.

Поради планот за изградба на ХЕЦ „Градец“, жителите се иселени во Удово во 1960-тите години.

Историја

Подрачјето на Градец е населено барем од доцноантичкото време, за што сведочат остатоците од населба на наоѓалиштето Градиште, западно од селото.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 11,2 км2.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Градец живееле 550 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 155. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Градец имало 712 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, Градец било мешано македонско и турско село со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.

Селото било наполно иселено по 1991 година, кога што броело четири жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Градец немало жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Општествени установи

Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во век, Градец било македонско село во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Удово, во која покрај селото Градец се наоѓале градот селата Ајранли, Дразни, Баракли, Башали, Вејсели, Ѓулели, Јосифово, Плавуш, Терзели и Удово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Удово, во која влегувале селата Аразли, Баракли, Башали, Градец, Ѓулели и Удово.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0291 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Удово. Во ова избирачко место е опфатено и селото Удово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 700 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 668 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Димитриј“

Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква; Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква; и Црква „Св. Петка“ — најновата селска црква. Камен-темелник удрен на 1 октомври 2014 година;Камен темелник на црквата „Света Петка“ во валандовско Градец

Манастири Градешки манастир — манастир во селото

Реки Градечка Река — река низ селото, притока на Вардар Јаворина — мала река, западно од селото, притока на Вардар

Острови Градечки Острови — речни острови кај Градец во Вардар

Личности

Родени во или по потекло од Градец Јанаки Абрашев (1889 - ?) - македоно-одрински доброволец од четата на Кочо Хаџиманов, четата на Дончо Златков, 4 чета на 14 воденска дружинаМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 11.

Галерија

Поврзано Општина Валандово Валандово

Наводи

Извори Монографија Градец - Скопје; Илија Московски

Надворешни врски

Градец го потопи неизградена акумулација — Дневник

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово