Марвинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Гевгелија. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 114 метри.

Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото.

Историја

мини|десно|300п|Селото Марвинци во 1931 година

Подрачјето на Марвинци е населено уште од античкиот период, за што сведочат остатоците од населба на населбата и тврдината Исар, кое се наоѓа над селото.

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година. Епицентарот на земјотресот бил во самото село.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 7,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 311 хектари, на шумите отпаѓаат 227 хектари, а на пасиштата 137 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција.

Население

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 18 домаќинства со 64 жители христијани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 192-193.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марвинци имало 160 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марвинци имало 240 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.

Марвинци е средно село по големина со пораст на бројот на населението. Така, селото во 1961 година имало 379 жители, а во 1994 година 519 жители, од кои 275 биле Македонци и 244 Срби.

Според пописот од 2002 година, во селото Марвинци имало 504 жители, од кои 224 Македонци и 280 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 437 жители, од кои 196 Македонци, 2 Албанци, 1 Турчин, 215 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 21 лице без податоци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото

Основно училиште „Мито Симеонов“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово

Самоуправа и политика

Во век, Марвинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Марвинци се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Грчиште, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 380 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Исар — населба и некропола; Сред Село — некропола од хеленистичко време; Ќурќиевица — некропола од железно време; и Црква — осамен наод од римско време.

Цркви Црква „Св. Петка“ — главна селска црква изградена во век

Споменици Споменик на народниот борец Мито Симеонов, сместен пред основното училиште

Галерија

Поврзано Општина Валандово Валандово Бојмија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово