Ајлингинае или Аилингинае (маршалски: Aelōn̄in-aeMarshallese-English Dictionary - Place Name Index) е корален атол во Тихиот Океан составен од 25 мали островчиња. Атолот е дел од Раличките Острови во Маршалските Острови. Атолот има вкупна површина 2.8 км2, а лагуната има 105.96 км2. Ајлингинае се наоѓа околу 13 км западно од Ронгелап и атолот има 3 метри надморска височина.
Историја
Во 1884 година Германија имала контрола врз атолот. По Првата светска војна атолот бил под јапонска контрола, а по Втората светска војна под американска. По независноста на Маршалските Острови во 1986 година, атолот станал дел од новата држава. До 1954 година на атолот имало неколку жители, но тие биле евакуирани поради јадрените тестирања на Бикини.
Наводи
Ailinginae Atoll Fact Sheet
Поврзано Маршалски Острови Острови во Маршалските Острови Ралички Острови
Надворешни врски Ајлингинае на Oceandots Маршалски Острови Карта од 1893 Географија на Маршалските Острови
Категорија:Ралички Острови