Малиот нуркач или шутка (Tachybaptus ruficollis) е водна птица од семејството нуркачи која е распространета во Стариот Свет. Самиот мал нуркач е распространет во Палеарктикот.
Физички опис
Најмал од сите нуркачи. Масата на телото изнесува 110-370 g, а должината на крилјата 90–111 мм. Општата боја на врвот е црно-кафеникава, а долниот дел е валкано бел. Образите и предниот дел од вратот се костенливо-црвеникави, боковите на телото се црно-кафеникави со светли шари. Летачките пердуви се кафеави, на сложеното крило е видлив бел одблесок. Клунот е црн со бел врв. Очите се жолти, а шареницата на окото е црвеникаво-кафеава. Тарзусот и стапалата се сивкаво-зелени.
Општата боја на зимското перје е посветла и позаматена. Нема костенливо-црвена боја на образите и предниот дел од вратот. Светлата жолтозелена боја на аголот од устата отсуствува. Меѓутоа, од останатите нуркачи во овој период се разликува по окер-црвената боја.
Подвидови
Во зависност од големината и тоновите на бојата се разликуваат 9 подвидови од оваа птица:
T. r. ruficollis — Европа, Северна Африка. T. r. iraquensis — југоисточен Ирак, југозападен Иран. T. r. capensis — Африка на југ од Сахара, Мадагаскар, Шри Ланка, Индустан на исток до Мјанмар. T. r. poggei T. r. philippensis T. r. cotobato T. r. tricolor T. r. volcanorum T. r. collaris.
Поврзано
Список на птици во Македонија
Наводи
Категорија:Нуркачи (птици) Категорија:Птици на Македонија Категорија:Таксони опишани од Петер Симон Палас