Гросенхајн () — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.
Историја
Гросенхајн првично била лужичка населба. Првпат бил споменат во 1205.Großenhain, Steifzug durch eine sächsische Kleinstadt 2002, Gräser Verlag Едно време бил окупиран од Бохемија, при што бил силно утврден. Потоа преминал во посед на грофовите од Мајсен, од кого во 1312 бил преземен од грофовите од Бранденбург. Во средниот век, Гросенхајн бил еден од најмоќните градови во Саксонија. Значително настрадал во сите големи германски војни и во 1744 бил скоро целосно уништен од пожар. На 16 мај 1813, се водела голема битка помеѓу Французите и Русите.
Географија
Гросенхајн се наоѓа на реката Редер, 30 километри северозападно од Дрезден и 17 километри источно од Риза. Исто така, се наоѓа на Вија Регија од Герлиц до Сантјаго де Компостела.
Градски единици
Наундорф Фолберн Ростиг Чишен Милбиц Клајнрашиц Гросрашиц Скаса Весниц Чауиц
Стопанство
Funke & Will AG се наоѓа во Гросенхајн и е познат по производството на автомобилите Yes! Roadster.
Инфраструктура
Постојат две железнички станици во Гросенхајн. Железничката станица Großenhain Berliner Bahnhof е надвор од употреба од 2002, единствено Großenhain Cottbusser Bahnhof е опслужувана со возови од Дрезден до Елстерверда, Котбус и Хојерсверда.
Гросенхајн е поврзан со Bundesstraße 98 и Bundesstraße 101.
Познати луѓе
Карл Бенџамин Пројскер (1786–1871): основач на првата јавна библиотека во Германија (1828) Манфред фон Рихтхофен (1892–1918): германски борбен пилот познат како Црвениот барон, бил трениран на локалниот аеродром Корина Харфух (*1954): германска глумица, тука го поминала нејзиното детство Хајно (*1938): германски изведувач на шлагери, тука го поминал неговото детство
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Мајсен (округ)