Јордан Митев (, ) — македонски пејач на фолк музика.

Животопис Митев е роден на 13 август 1986 година во Радовиш. Потекнува и живее во Подареш. Основното образование го завршил во родното село, а подоцнежното образование го продолжил во Радовиш. Средното образование го продолжил во музичкото училиште во Штип. Свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас. Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти". Таму ги поминал  наредните четири години каде што имал прилика да учи, соработува и собира искуства од голем број познати професори и музичари. Еден од најзначајните меѓу нив бил Драган Даутовски, од којшто Митев собрал големо искуство. Уште како ученик и студент има патувано во голем број земји надвор од Македонија како на пр: Словачка, Франција, Турција, Бугарија, Србија, Швајцарија, Германија, Холандија, Шведска итн, каде што настапувал на голем број фестивали за етно музика и одржувал семинари за македонскиот фолклор. Во 2015 година направи голем солистички концерт по повод 10 години јубилеј, во придружба на Група Академци. Тој чест гостин е во "Мерак Меана" на Сител-телевизија, настапува и со Група Скопски Боеми. Како автор досега има напишано доста голем број композиции коишто некои од нив се наградувани во Македонија.

Спотови Спот Година Режисер Кога тргнав Цвето во туѓина 2006 Македонско да заиграме 2007 Срцево уште чува место за тебе 2008 Домаќине добри гости ти дојдоа 2008 Каменот си тежи на местото 2009 Заљубив мале три моми 2009 Ајде сонце зајде 2009 Каролинче каранфилче 2009 Крушевска Република 2010 Конче 2010 На Пирок ќе се соберат 2010 Полетај песно моја 2011 Ајде сите на нозе 2011 Голема звадба правиме 2011 Јордан Митев Зоре моја 2012 Еднаш вака славам,еднаш вака правам 2012 Јордан Митев Моја последна 2013 Љубов голема 2014 Љубовта и меракот се најскапите 2015 Моја кралице 2015 Ти ќе си моја 2016 Кажи да моја најмила 2016 Ај што мерак имам бабо 2016 Јордан Митев Само тебе јас те сакам 2016 Јордан Митев Наздрави за љубов,наздрави за среќа 2019 Јордан Митев За тебе 2019 Јордан Митев Роден крај 2019 Јордан Митев Жена за 100 години 2020 Јордан Митев Татко 2021 Јордан Митев Да се живи здрави младоженците 2021 Јордан Митев Среќо моја, среќа си ми ти 2023 Јордан Митев Денес ми е добро на душичката 2023 Јордан Митев

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место 1 Официјално мрежно место 2 Фан страница на Facebook Митев на YouTube Профил страна на Јордан Митев на ВБУ Музички регистар

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Радовиш Категорија:Подареш Категорија:Македонски фолк пејачи