В’ча () е река во јужна Бугарија. В’ча е една од главните десни притоки на Марица и втора по големина река во државата која извира од Родопските Планини, кај Арда. Таа се создава со спојувањето на Широколшката и Бујновска река. Вкупната должина на реката е околу 105 км.Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София 1978, стр. 817

Реката В’ча не поминува во близина на индустриски претпријатија, што придонесува за чистотата на водата. По нејзиниот тек се изградени три од најживописните бугарски вештачки езера - „Кричим“, „В’ча“ и „Цанков Камен“. Тие служаат за производство на електрична енергија, наводнување на Пловдивското поле и обезбедуваат дел од водата за пиење на градот Пловдив. Ѕидот на браната „В’ча’ е највисок во Бугарија - 144,5 м.yazoviri.freebg.eu

Реката ги „пресекува“ Родопите, формирајќи длабока и живописна долина, каде што се изградени двете брани. Важен град по течението на реката е Девин.

Наводи

Поврзано Бугарија Реки во Бугарија Географија на Бугарија

Категорија:Реки во Бугарија Категорија:Притоки на Марица