мини|десно|Влезот на галеријата мини|Сала во Кралската галерија Кралска галерија (анг. Queen's Gallery) — јавна уметничка галерија во склоп на Бакингемската палата, дом на британскиот монарх во Лондон. Во неа се изложуваат уметнички дела од Кралската збирка. Оваа збирка се состои од дела во сопственост на Кралицата што ги чува како „задолжбина за нацијата“, а не приватно. Секоја година се изложуваат по 450 дела.
Галеријата е отворена во 1962 и се наоѓа на западниот крај од палатата, на местото на капела која настрадала во Втората светска војна. Во текот на следните 37 години галеријата ја посетиле 5 лица, сè до нејзиното затворање во 1999 и доградба на чело со архитектот Џон Симпсон. На 21 мај 2002 галеријата повторно се отворила за јавноста, по повод златниот јубилеј на кралицата. Со доградбата е изградено денешното дорски портик на влезот и неколку нови сали - така постигнувајќи повеќе од тројно повеќе простор.Кралската галерија - Мреж. место на британското кралско семејство Отворена е за јавноста по повеќе месеци во годината.
Наводи
Fisher, Mark (2004). Britain's Best Museums and Galleries. London: Penguin
Надворешни врски Профил на галеријата - royal.gov.uk Кралска збирка
Поврзано
Кралска збирка Национална галерија Национална портретна галерија
Категорија:Кралски градби во Лондон Категорија:Ликовни музеи и галерии во Лондон Категорија:Музеи во Вестминстер Категорија:Бакингемска палата