Чебренскиот манастир — манастир во јужниот дел на Македонија, на местото на историското село Чебрен. Манастирот бил доста познат по своето училиште и богатата библиотека.
Местоположба Манстирот се наоѓа во Скочивирската Клисура, во рамките на второто предградие на средновековниот град Чебрен, на десниот брег на Црна Река.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 10. Тој се наоѓа кај археолошкото наоѓалиште Тумба Чебрен на издвоена вулканска купа (тумба), на околу 140 м над реката и недалеку од селото Зовиќ.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 6.
Историја Чебренскиот манастир потекнува од првата половина на XIV век, време во коешто Македонија потпаднала под отоманска власт. Во 1530-тите години, под надлежност на Охридската архиепископија имало 33 епархии, од кои на територијата на Македонија имало 12 епархии. Манастирот најверојатно припаѓал на Битолската или на Пелагониската епархија.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 13. Во цутот на развојот, во сопственост на манастирот влегувале воденици со 12 воденички камења, многу стока (овци, кози и крупен добиток), како и ниви, ливади, големи површини со шуми и пасишта. Во XVIII век, манастирот имал свое ќелијно училиште во коешто се учело на старословенски јазик, а во него се подготвувале свештеници кои вршеле служба по црквите низ областа Мариово. Манастирот бил многу развиен сè до првите декади на XX век.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 4, 6.
Манастирот низ историјата повеќе пати бил обновуван поради честите опожарувања, грабежи и разрушувања. Постои податок дека за време на Првата светска војна биле срушени четири објекти коишто веројатно биле конаци, една плевна, казанџилница, четири амбари, две воденици, како и црквата „Вознесение Христово“.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 12.
Градби Во склоп на манастирот влегуваат две цркви, конак и амбар. Сочувани се и остатоци од конаци северозападно и западно од црквата, како и делови од оградниот ѕид на манастирот.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 19.
Влезна порта Влезната порта е изградена од прецизно обликуван делкан камен. Во источниот дел од оградниот ѕид е насликано украсување коешто потекнува од 1879 година. На камениот ѕид над влезната порта има малтерисана површина со правоаголен облик на којашто има три ниши. Нишата насреде е поголема од страничните. Во неа има фреска на којашто е живописан Свети Димитриј на коњ во одбрана на градот Солун. Тој е претставен во војнички панцир со развиорена наметка и качен на црвен коњ. Во десната рака држи копје, а во левата уздите на коњот. Позадината на фреската содржи дел од архитектурата на Солун, односно одбранбен ѕид и веројатно црквата „Св. Димитриј“ во Солун, а на небото е прикажано сонце. Околу надворешните рабови, нишата е украсена со ритмичко цветно украсување во светлосина боја. Истото украсување се јавува и кај страничните ниши. Во јужната ниша има фреска на којашто е прикажан Архангел Михаил како држи меч во десната и отворен свиток во левата рака. Текстот на фреската е испишан со старословенски букви. Во северната ниша има фреска на којашто е насликан Архангел Гаврил со перо во десната и отворен свиток во левата рака. Основната боја на оваа ноша е ултрамарин. Текстот исто така е испишан со старословенски букви. Од внатрешната страна на лаковите кај сите три ниши има растително (цветно) украсување. Над бордурата околу страничните ниши насликан е по еден цветен мотив со виолетово-црвена боја. Меѓу средната и јужната ниша на рамната ѕидна површина е испишана годината на живописувањето, т.е. 1879, а се среќаваат и остатоци од имињата на дарителите.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 16-17.
Конак Единствениот сочуван манастирски конак бил изграден во 1935 година и се наоѓа јужно од манастирската црква.
Црква „Св. Димитриј“
Главната манастирска црква е посветена на Свети Димитриј.„Чебрен “. Мој Роден Крај. Во минатото, таа била доста богата и голема црква, а денес е обновена со помали димензии и сè уште се видливи темелите на стариот храм. Нејзиниот иконостас потекнува од XV век, а бил обновен во XIX век. Од првобитната градба, која била трибродна базилика, сочувана е средишната длабока апсида којашто била обновена над рановизантиската во XIV век со димензии од 2,4 м и дел од источниот ѕид.
Црква „Вознесение Христово“
Црквата се наоѓа во близина на манастирскиот комплекс и е изградена на карпест предел. Таа е мала еднокорабна црква со димензии 6,30 х 4,30 м и висина од 2,80 м, а има полукружна апсида на источната страна. Градена е од делкан камен и кал, а оад надворешната страна со фугован варов малтер. Внатрешноста е поделена со дрвена олтарна преграда на два дела. Сите четири ѕидови од наосот и олтарниот простор се фрескоживописани. Според сознанијата и стручната литература, фреските потекнуваат од XVI век, а сочувани се на површина од 60 м2.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 20.
Археолошки наоди Со археолошките истражувања спроведени на просторот на манастирот е утврдено дека во доцната антика била изградена тврдина со слични димензии, а во пониските делови на југ започнала да се развива населба која била опфатена со истиот одбранбен ѕид (обѕидие). Просторот бил обѕидан наоколу и зајакнат со повеќе кули. Врз основа на остатоците е добиена информација дека имало планско градско оформување со големина од 5 ха. Во средишниот дел на населбата бил изграден базиликален храм веројатно во V-VI век, чии темели и мермерни делови се среќаваат и денес околу средновековната црква. Мермерните делови веројатно се столбчиња од мермерна иконостасна преграда, но постојат и остатоци од столбови, капители и основи изработени од камен коишто веројатно потекнуваат од наосот на базиликата.„Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 8.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Чебрен Категорија:Манастири во Македонија Категорија:Манастири на МПЦ Категорија:Манастири во Преспанско-пелагониската епархија